Кога играњето надвор едноставно не проаѓа…

Краток период нè дели од пријатната пролет кога децата преферираат да играат надвор, зошто ладните, дождливи и магливи денови сигурно на сите им здодеаа. Но дотогаш, малите енергетски бомби треба некако да се забавуваат подолг временски период во затворен простор.

Бидете креативни и направете ги нештата сами како на пример…

1. Направете крикет опрема за играње

 

Ви треба: 2 пластични палки, 3 истрошени тоалетни хартии, 2 топчиња (пинг понг на пример), салотејп во 2 бои, 8 листови А4 листови во 2 бои (боите нека бидат исти како боите на селотејпот).

– Листовите се сечат на пола, а краевите од двете страни се виткаат (околу 1 сантиметар). Потоа се виткаат во полукруг и се лепат на под (вие ги подредувате).
– Двете топчиња обвитјате ги со селотејп, но да бидат во различна боја.
– Тоалетните хартии продупчете ги од едната страна со дијаметар како на крајот од палката. Потоа обвиткајте ги со салотејп (во различни бои).

2. Направете триаголник плочка на паркет (собери и одземи за да добиеш резултат)

Ви треба: 6 капачиња од тегла, леплива лента (нешто како на сликата што лесно се вади од подот), самолеплива хартија во 2 бои, листа за запишување на поените, џогер (слично како на сликата).

– На вдлабнатиот дел од капачињата залепете самолеплива хартија (3 во една, 3 во друга боја).
– За да ја оформите плочката залепете ја лентата како на сликата (сината лента).

 

 

Правила на игра: Играат двајца играчи. Секој играч стои позади линијата и го бутка капачето со џогерот кон плочката. Ако капачето се намести внатре во било кој дел од триаголникот, се внесуваат соодветните поени.

Ако капачето застане на крајот од плочката во “10 OFF” полето, играчот мора да одземе 10 поени од својот резултат. Противникот може да го избутка капачето на противникот со своето капаче.

Првиот играч што ќе собере 45 поени е победник!

3. Плочка од дрвени шпатули или автопат за колички

Ви треба: Многу дрвени шпатули и било каков плочест предмет.

– Пуштете ја имагинацијата да работи за тоа колку многу игри можете да смислите само со дрвени стапчиња.
– Школка или плочка е една од нив. Едноставно и ефективно. Правилата веројатно ги знаете.

4. Трансформирајте ја собата во камп со шатори

 

Ви треба: Перници, јоргани, чаршави, штипки, јаже и новогодишни светилки.
– Заедно со децата направете шатори и атмосфера слична како на сликата и замислувајте дека сте кампери. Може да си раскажувате приказни и да вечерате во круг.
5. Направете ласерска мрежа од растеглива лента

 

Ви треба: растеглива лента (добро е да имате солидна должина), салотејп, ходник.

– Во зависност од ширината на ходникот исечете ленти и залепете ги со селотејп така што децата ќе треба да се помачат за да ги поминат ласерите, но не премногу за да се обесхрабрат.