Наслов

Како да станеш подобар говорник? Зборувај пред куче!

Двајца студенти ги претставуваат нивните презентации. Презентациите се добри, но тие имаат тешка публика.

Како што пролетуваат првите слајдови еден присутен стана и нервозно ја напушти просторијата. Друг почна да дише тешко и си ја спушти главата на клупата со цел да дремне малку. Студентите што ја одржуваа презентацијата почнаа да го покачуваат гласот и почнаа да гестикулираат со цел да го привлечат вниманието на публиката.
И тоа е секогаш така кога публиката е од тој тип.

На еден американски универзитет се одржала сесија што е дел од пилот-програма каде наместо публика говорниците се обраќаат пред куче.

„Обраќањето на пријателско куче и куче што не ве осудува може да ви го намали нивото на крвниот притисок, може да ви го намали стресот и да ви го подобри расположението. Ова ќе ви користи многу ако сакате да си ги вежбате вашите говори или тимските презентации".

Кучињата-слушачи, како што ги нарекуваат се дел од проектот на Бони Ослендер, директорката на Центарот за бизнис-комуникација, што им помага на студентите да ги подобрат нивните вештини како говорници. Ослендер одлучила да ги употреби кучињата и со тоа да им помогне на студентите да се справат со нервозата што ја имаат пред да зборуваат пред публика. Во центарот се одржани многу сесии од овој вид минатиот семестар и центарот има „ангажирано" шест локални кучиња.
Засега резултатите од овој проект се најблаго кажано интересни.
„Се смееш кога ги гледаш кучињата", вели Џесика Левинсон, која вежба говор пред Теди и Ели, кучињата од центарот.

Таа вели дека кучињата воопшто не се разликуваат од расеаните студенти што најчесто и не ве следат што зборувате. Кучињата дури и можат да ве лижнат.
За да ја ублажите нервозата употребете виртуелна публика
Виртуелната реалност во последно време се користи како популарен експериментален третман за разни нарушувања, вклучувајќи го и јавното говорење.
Во соодветен центар учесниците седат сред 3Д-околина создадена со компјутер, а терапевтот ги води низ целиот процес.

Овој метод студентите можат да го испробаат дома благодарејќи на бесплатната апликација VirtualSpeech.


Извор
Превод: Наташа Гинџевска – Илиоска - Бреинобреин едукатор

 

15 Септември 2016

За авторот