Што ли сакам, што ли сакам?

Како да му помогнам на моето дете да одбере спорт?

Без оглед на природните способности или натпреварувачкиот дух децата одбираат спорт поради чисто уживање и забава што ја нуди истиот. Други пак одбираат спорт преку кој може да го изразат својот натпреварувачки дух. Во секој случај децата имаат придобивки не само од аспект на физичкото здравје туку и од социјална гледна точка.

Тие не се само физички активни туку ги развиваат и нивните животни вештини. И последно но, не и неважно: Не заборавајте дека децата ја сакаат физичката активност сè додека е забавна. Се изгуби ли тој момент и детето почуствува дека одењето на тренинг е повеќе обврска одколку забава, очекувајте отпор.

За позитивно искуство на полето Спорт, поставете си ги следниве пет прашања:

1) Колку е фит моето дете? Дали е значително способно да трча долги дистанци?
Доколку да, тогаш на пример фудбал би било добар избор. Дали сака постојана стимулација и повисоко ниво на адреналин?… Ако одговорот е да, тогаш во зависнот од вашиот животен стил може да го насочите кон Mountain Biking, Snowboarding и сл.

2) Дали моето дете покажува афинитет кон индивидуален или тимски спорт?
Тимските спортови овозможуваат развој на социјални и лидерски вештини, додека пак индивидуалните развој на самодовербата и самостојноста. Меѓутоа не постои строго правило во овој случај бидејќи децата напредуваат во обата вида на спорт.
3) Дали бираме одреден спорт затоа што тој нам, родителите ни е омилен?

Во големиот број случаи одговорот е да. Но запомнете дека без разлика на генетиката не секој има ист интерес. Како што растат децата добро би било да им дадете можност самите тие да одберат спорт по нивна желба.

Избегнувајте да го охрабрувате вашето дете да специјализира во еден спорт уште кога е многу мало. На тој начин му го скратувате задоволството да ги искуси и другите спортови, да развие други вештини и да согледа што навистина сака и е најдобар избор за него.

4) Кое е нивото на координација и вештини на моето дете?
Доколку вашето дете категорично одбива да се занимава со одреден спорт тогаш голема е веројатноста отпорот да е поради некоја негова способност/вештина која е на различно ниво од она што е потребно за да се биде добар во тој спорт. Заборавете на тоа и пружете му можност да искуси друг спорт или физичка активност.

5) Дали му е забавно?
Една од главните цели на спортувањето е забавата. Обидете се да го надминете искушението вашето дете да го изградите во некој профи спортист. Кога децата стануваат предобри прерано во одреден спорт, тогаш забавниот дел бледее и прераснува во нешто посериозно со кое детето не може да се носи.