Физичка казна за непослушни деца: Да или Не?

Студиите потврдуваат: Ќотекот или плескањето во првата декада од животот на децата води кон агресивно однесување, примена на несоодветен вокабулар и неправилен когнитивен развој.

Уште еден ден, уште една студија денес говори за долгорочните ефекти за случаите кога ќотекот е изборот на родителите за решавање на несоодветно однесување кај детето. Оваа студија може ќе стави и крај на дебатата за дали да се превзема оваа дисциплинска мерка или не.

На почетокот на 2013 биле спроведени бројни студии од страна на разни педијатриски институции на ова поле и истражувачите дошле до одговорот дека деца на возраст меѓу 2 и 6 годишна возраст кои биле “плескани” за несоодветно однесување растат посреќно и поуспешно од оние кои никогаш не биле изложени на физичка казна. Но, денешната студија спроведена кај 2500 дечиња на возраст од 3 години укажува на агресија кај децата во предучилишна возраст во случаите каде што се применува физичка казна.

Резултатите во извештајот на Американската Академија на Педијатри велат дека 3 годишните деца кои биле исплескани 3 или повеќе пати во претходниот месец имале за 50 % поголем потенцијал да се однесуваат насилно на 5 годишна возраст.

И покрај препораките на Академијата за Педијатри во САД голем процент семејства ја одобруваат физичката казна за своите деца. За што се одлучувате вие?