Наслов

Ева на 20 месеци стапна на скии

Малата Ева, со неполни две годинки, стапна на скии. Оваа статија има за цел да ги мотивира родителите да им овоможат на децата на што помала возраст да се запознаат со зимските спортови, особено скијањето.

Ева Пановска на возраст од 20 месеци, ги направи првите чекори на скии, се рабира со помош на смејството, а особено братот Дарјан кој на 6 години веќе е искусен скијач.

Најпрво Ева се запозна со опремата, скијачките чевли, кацита и скиите. Потоа следуваше искачување со подвижната лента за совладување на угорницата до стартот на ски патеката во скијачката градинка на ски центарот Копаоник. Првите скијачки спуштања по прилагодените за деца скијачки патеки, Ева ги направи со помош на инструкторите, мајката Биљана, братот Дарјан а таткото Бојан беше задолжен за регистрирањето на настанот со камера. Вториот ден се премина на пострмната скијачка патека, исто така опремена со подвижна лента за искачување до стартната позиција на патеката.

Како ова се случуваше на самиот крај на овогодишната скијачка сезона, Ева ќе го продолжи совладувањето на скијачките вештини аредната ски сезона, веќе подготвена да започе со смостално спуштање по ски патеките.  

 

19 Април 2018

За авторот