Една од најуспешните девојки стрелци во Македонија

Наслов

Ексклузивно интервју со Ана Ивановска

Ви ја претставуваме Ана Ивановска, стрелец (спортски), девојка која не се откажува од својата пасија и која верува во себе. Тимот на karas4training.com и посакува многу среќа и што поголеми предизвици за докажување.

К4Т - Зошто го одбра стрелаштвото како спорт? Кој те воведе?
Ана И. - Кога бев мала, мојот татко и брат тренираа стрелаштво и секој месец одеа на натпревар во различни градови низ Македонија. Од таму, секогаш се враќаа со медал и со приказни се чинеа интересни. Татко ми го забележа мојот интерес и ме зема со него на тренинг, така што тој е најзаслужен за моите достигнувања.

К4Т - На колку години почна да тренираш?
Ана И. -
Започнав да тренирам на 10 години.

К4Т - Дали твоите родители ја поддржуваат твојата определба?
Ана И. - Да, тие веруваат во мене и без нив сега не би ги постигнала досегашните резултати.

К4Т - Дали имаш учествувано на важни натпреварувања?
Ана И. - Јас учествувам само на натпревари на државно ниво и годишно имам 6 купа и едно Државно натпреварување.

К4Т - Имаш ли можност да се докажеш на интернационално ниво?
Ана И. - Па не, затоа што моментално немам добра пушка и немам сретства за да учествувам на натпреварувања од тој ранг.

К4Т - Кои се твоите најголеми достигнувања досега?
Ана И. - Кога бев пионерка учествував во националната програма и три години бев првак на Македонија. Моментално се натпреварувам во меѓународна програма и сум во првите 3, што е голем успех покрај тоа што ова ми е втора година во оваа програма.

К4Т - Имаш ли посебни подготовки пред натпреварите?
Ана И. - Пред натпревар мора да сум добро наспана, тотално се релаксирам и не размислувам на ништо освен на мојот натпревар. Исто така, правам неколку вежби за раздвижување. Точно пред почетокот, јадам некоку коцки чоколадо за смирување.

К4Т - Во кој клуб тренираш и кој ти е тренер?
Ана И. - Тренирам во СК Рек Битола, а тренери ми се мојот татко, Иванчо Ивановски, и Драган Илиоски.

К4Т - Колку пати дневно/неделно тренираш?
Ана И. - Тренирам три дена во неделата, а секој ден тренирам по 2 саати. Останатите денови правам вежби за зацврстување на мускулите, особено грбните и трчам.

К4Т - Во која категорија/категории се натпреваруваш?
Ана И. - Се натпреварувам во категоријата јуниорки, со пушка.

К4Т - Што ти се допаѓа најмногу кај овој спорт?
Ана И. - Најмногу ми се допаѓа тоа што за да бидеш успешен во овој спорт треба да бидеш смирен и да ги блокираш сите звуци околу тебе.

К4Т - Имаш ли идол во стрелаштвото?
Ана И. - Сеуште немам идол, но досега најмногу се одгледував на мојот брат.

К4Т - Кој натпревар до сега ти оставил најголем впечаток и зошто?
Ана И. - Најголем впечаток ми остави Првиот куп од оваа година затоа што после десттиот погодок моето срце почна многу силно да чука и ме направи многу нервозна, но успеав да се смирам дишејќи длабоко. И на овај натпревар извадив добар резултат покрај мојата нервоза.

К4Т - Кои се следните натпреварувања кои те очекуваат?
Ана И. - Следуваат Третиот куп и Државното првенство кои ќе се оджат до крајот на пролетта и Четвртиот, Петтиот и Шестиот куп кои се закажани за на есен.

К4Т - Би сакал/а ли професионално да се занимаваш со стрелаштво?
Ана И. - Да! Затоа што во овој спорт успевам да постигнам добри резултати.

08 Април 2013

За авторот