Нашиот најуспешен млад каратист

Наслов

Ексклузивно интервју со Абдурахим Идризи

Со искрено задоволство Ви претставуваме еден наш успешен и талентиран карате кид. Вратот му натежна од медали, а Абдурахим Идризи кој има само 11 години вели дека ова е само почеток. 

К4Т - Како дојде до тоа да го избереш каратето како спорт?
АИ - Татко ми забележа дека не сум заинтересиран да гледам фудбал на телевизија, но затоа пак на youtube гледав боречки вештини. Така тој реши да ме запише на карате и притоа не погрешивме во изборот. 

К4Т - На колку години започна да тренираш?
АИ - Карате започнав да тренирам од февруари 2010 година, што значи скоро 3 години.

К4Т - Дали твоите родители те поддржуваат во твоето карате патешествие?
АИ - Моите родители многу ме поддржуваат во ова патешествие и мислам дека без нивната поддршка немаше да го постигнам овој успех.

Балкански првак на пиедестал

К4Т - На колку натпреварувања си учествувал досега?
АИ - За овие 3 години сум учествувал на многу натпревари. Мојот прв медал дојде само по неколку месеци тренирање, поточно во септември 2010 на турнир во Скопје, каде го освоив првото место во кати. Додека во декември 2010 освоив две први места во кати и борби во Елбасан Албанија.
Во 2011 започнав со големите успеси и тоа: Улцињ опен, Самурај куп, Нови сад опен, Гостивар куп, Струга опен, Кичево опен, Туркиш опен и други каде освоив многу медали во кати и борби.
Во 2012 година доживеав кулминација на успехот и тоа: Прво освоив злато и бронза на Гранд При Хрватска, а потоа станав државен првак во кати и борби. На Балканското првенство во Херцег Нови станав балкански шампион во борби и вице шампион во кати. Следеа Светскиот турнир за деца во Истанбул, Сакарја опен во Турција, Улцињ опен, Солидарност опен во Скопје, Меморијалниот турнир во Славонски брод Хрватска, Гостивар куп, Струга опен, Воениот куп во Тирана (под патронажа на војската на Албанија), Вадорју турнирот во Валона и Елбасан куп во Албанија. Само во 2012, вкупно освоив 27 медаљи од кои 18 златни, 4 сребрени и 5 бронзени. На 4 турнири бев прогласен за најдобар натпреварувач.



К4Т - Кои достигнувања би ги издвоил како посебни?
АИ - Се разбира најголемото достигнување за еден млад спортист (уште пред да наполнам 11 години) е Балканското првенство за деца до 14 години. Се разбира, драго ми е што станав државен првак, но многу ми значи што ги освоив Гранд При Хрватска и Светскиот натпревар за деца (World Children Tournament).

Државен првак на пиедестал

К4Т - Пред важен натпревар, се подготвуваш ли со поспецифични тренинзи?
АИ - Секако. Пред јаките турнири со тренерот работам поинтензивно и со поспецифицни тренинзи.

К4Т - Во кој клуб тренираш и кој ти е тренер?
АИ - Тренирам во Карате клуб Форца, во Скопје. Тренер ми е еден од најдобрите во Македонија, поранешен селектор за помлади кадети, професорот Муарем Имери.

Балкански првак со тренерот

К4Т - Колку пати дневно/неделно тренираш? 
АИ - Имам редовни тренинзи 3 пати неделно заедно со останатите деца од клубот. Меѓутоа останувам на два тренинга, односно со групата за кати како и со втората група за борби. Исто така, една група одбрани натпреварувачи имаме уште три дена дополнителни тренинзи, што значи вкупно 6 дена во неделата. 

К4Т - Се занимаваш ли со друг спорт/активност освен со карате?
АИ - Не, каратето ми е единствен спорт со кој сакам да се занимавам.

К4Т - Која категорија/категории најмногу ти одговара?
АИ - Јас поеднакво успешно се снаоѓам со кати и во борби и секоја категорија ја сакам на свој начин.

К4Т - Која ти е омилена ката/удар?
АИ - Од катите најомилена ми е КАНКУ ШО, а во борбите специјалност ми е ГОРНО МАВАШИ. 
 

К4Т - Имаш ли омилен лик во каратето?
АИ - Омилен лик во каратето ми е поранешниот светски првак Енвер Идризи од Скопје како и сегашниот светски првак Рафаел Агаев. Во кати се разбира без дилеми тоа е Лука Валдеси.

Со светскиот првак Данил Домџони

К4Т - Кој натпревар ти оставил најголем впечаток и зошто?
АИ -Досега најголем впечаток ми остави финалето на Балканското првенство, поточно финалето во кати каде за предходниот пораз му се реванширав на балканскиот првак. Исто така, сите 5 борби во Солидарност опен за мене беа возбудливи, бидејќи не изгубив ниту еден поен.

Со македонскиот светски судија Златко Димовски

К4Т - Кои натпреварувања те очекуваат во наредниот период?
АИ - Во јануари ме очекува Гранд При Хрватска, Државното првенство е во февруари, додека Балканското првенство ме очекува во март каде треба и да ја одбранам титулата. Во април имам желба да учествувам на Светскиот Куп за Шотокан во Истанбул.

К4Т - Би сакал ли во иднина и професионално да се занимаваш со карате?
АИ - Да. Каратето веќе на некој начин ми е професија бидејќи уште од сега се занимавам како професионалец, а верувам дека така ќе биде и во иднина.

На Турција опен

За крај можете да погледнете репортажа за малиот Абдурахим Идризи од МТВ 2 на албански јазик.

 
08 Јануари 2013

За авторот