...но ние велиме, "Две страни на мозокот, кои работат заедно се подобри од една."

Две глави се подобри од една…

Секој мозок има две страни – левa и деснa хемисфера. Замислете дека гледате надолу низ врвот на вашата глава на кортексот од вашиот мозок. Ќе забележите дека е направен од две половини наречени хемисфери: една од левата страна, друга од десната страна.

Левата и десната страна од мозокот се поврзани со сложена мрежа на нервни влакна наречен corpus callosum. Овој неуролошки мост е одговорен за трансферот на информациите помеѓу левата и десната хемисфера, овозможувајки му на мозокот да функционира како една целина.

Голем број истражувања покажале дека кај повеќето индивидуи постои тенденција за доминација на левата мозочна страна, најчесто поради традиционалните методи на учење, а тоа води кон нецелосна развиеност на десната страна.

Повеќето училишта денес се повеќе се фокусираaт на развој на функциите на левата страна на мозокот, тоа се лингвистички, научни и математички функции. Функциите на десната страна на мозокот како што се креативност, имагинација, и музиката се за жал се повеќе изоставени. За да се развие целокупниот мозочен потенцијал на детето, треба да се развиваат двете страни на мозокот подеднакво. Тоа е она што ние го нарекуваме целосен развојот на мозокот.

Да наведеме еден пример, децата добиваат задача, извештај за книга. Доколку им овозможиме избор помеѓу: да се напише извештајот, да се презентира извештајот, да се нацрта сцена од книгата, да се дизајнира постер, да се одигра сцена од книгата или да се создаде различен крај на книгата, ќе забележиме една фасцинантна појава дека секое дете гравитира кон своите невролошки предности. Тие кои имаат тенденција кон десно доминантна хемисфера ќе одберат да цртаат, играат или креираат, додека тие со тенденција кон лево доминантна хемисфера ќе одберат да зборат или пишуваат.

Концептот на диверзивност, подразбира дека секоја индивидуа е уникатна, односно дека секој има различен стил на учење. Тука се истакнува дека кај индивидуата која има тенденција кон лева или десна мозочна доминација е корисно да се развива и другата хемисфера на мозокот. Од огромна важност е можноста со која двете хемисфери би функционирале во тандем, а не автономно, можноста за нивно интегрирање. Интеграцијата води кон способност за адаптација во непредвидливи ситуации и нови предизвици и се докажало дека повеќето успешни луѓе имаат голем баланс меѓу двете страни на мозокот.

Со Абакус сметалката ги развиваме двете страни на мозокот. Учењето на абакус со примена на Вак (Виуелно, Аудитивно и Кинестетичко меморирање) методата е најсоодветниот начин децата да се запознаат со бројките и основните математички функции. Со менталната аритметика ќе им се овозможи ментален тренинг и совладување на посложени математички концепти. Се ова ќе изгради една посилна основа за нивното натамошно образование и ќе се стимулираат двете страни на мозокот. Кога двете страни на мозокот на вашето дете се ангажирани и стимулирани заедно, вкупниот капацитет за учење на вашето дете е значително подобрен. Децата може да се концентрира подобро и вршат сложени аритметички функции побрзо.

Целокупниот развој на мозокот е отскочна даска за функции како логика, имагинација, креативност, фокус, расудување, рамнотежа, подобро разбирање, подобрена концентрација, вештини за слушање, подобрено читање и пишување, здрава самодоверба и многу повеќе!

Зорица Николова,
Детска Академија „Браинобраин Европа” – Скопје