Наслов

Другарувајте со абакусот :)

Денес, информацијата за абакусот како универзален ментален инструмент е прифатена насекаде во светот - со помош на абакус за кратко време се доаѓа до брзи и видливи промени во однесувањето на детето и неговите ментални способности. Абакусот во нашата програма е основното средство, всушност алатка со која се е постигнува посакуваната цел.

Тоа што го прави абакусот различен и посебен е неговата структура и начин на работа.

Абакус е со впечатлив изглед, бидејки секоја колона, има своја вредност, децата лесно создаваат ментална слика во нивната глава и брзо и сигурно може да совладаат било која математичка задача која е ставена пред нив.

Завршетоците (врвовите) на човечки прсти се испреплетени со завршетоци на неврони - тие ги испраќаат сигналите кои се восприемаат од сетилата до мозокот, па така независно дали во темница или пак со врзани очи ние знаме да распознаеме дали сме допреле камен или четка за заби!

Бидејки абакусот се користи со прстите, тој го стимулира мозокот, особено ако активноста е поврзана со точно одредена задача или се повторува во интервали.

Токму затоа математичките операции што децата ги изведуваат на абакусот се извонреден ментален тренинг, односно се исто како склекови или чучњеви за мозокот!

При совладувањето на процесот на изучување на абакусот, децата учат да ги визуелизираат топчињата на абакусот (визуелно сетило), синхронизирани со магични зборови (аудитивно сетило), па продолжувајќи со конкретни вежби или движења на точињата на абакусот (кинестетичко сетило) за да се добие одговор на поставената задача.

Низ овој процес се одвива интензивен тренинг на мозокот што води кон генијални способности кај децата.

На повисоко ниво, кога децата се веќе добро свесни за абакусот, се воведува и визуелизацијата.

Другарувајте со абакусот :)

Детска Академија "Браинобраин Европа"

10 Септември 2015

За авторот