Добрите страни на опасното

Некогаш и некаде децата трчале слободно, играле надвор и во темница, немале заштита за секакви работи, како заоблени меки рабови за маси, заштита за штекери, страшни предупредувања на детергенти, купови апчиња или мали предмети кои се сметаат за секојдневна потенцијална опасност…

Од една страна луѓето сакаат да си ги олеснат животите, а од друга страна некако животот станува се покомплициран и поопасен… Нели треба да се замислиме и да се опуштиме малку, па оние непотребни работи да ги отфрлиме од нашите животи, а оние кои претставуваат потенцијална опасност да им ги претставиме на децата и да им дозволиме слободно да истражуваат?

На овој говор господинот објаснува дека децата не треба да се држат во стаклено звоно, бидејќи порано или подоцна ќе ги пресретне опасноста… Затоа, подобро е да бидат информирани на време, отколку да живеат во илузија.