Детскиот спорт и џумките!

Доколку младиот спортист доживее повреда на главата, покрај наставниците и тренерите, родителите се најважните учесници при неговото опоравување поради тоа што тие треба да ги донесат најтешките одлуки. Активната партиципација на родителите во вакви случаи е стандардна практика во педијатријата.

При потрес на мозокот, кој често се случува кај спортистите особено при контактни и екстремни спортови, добро би било да ги имате на ум следните информации:

-Било кои несекојдневни знаци кај вашето дете може да сигнализираат потрес на мозокот.
-Знаците и симптомите можат да се јават и по неколку дена од ударот. 
-Спортистите не мора да ја удрат главата за да доживеат потрес. 
-Кацигите и штитниците за уста не спречуваат потрес на мозокот.
-Снимките од компјутер (CT) и магнентна резонанца (MRI) знаат да покажат и нормален наод при потреси од ваков тип.
-На младите спортисти им е потребна повнимателна и конзервативна нега. 
-Втор потрес, пред да се излечи првиот може да резултира со реткиот синдром познат како ”Second Impact Syndrome”. 
-Потребен е одмор веднаш по потресот (физички и когнитивно) за да се забрза опоравувањето.
-Практикувајте мозочна хигиена доколку дојде до ваква повреда (основни невропсихолошки тестирања).

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија