Детски спортски забави

Постојат голем број игри со доволно јак интензитет и многу забавна опрема кои од хиперактивните деца ќе направат бајчиња. Па зошто тогаш не го разбиете стандардниот тек на родендените и да воведете малку повеќе насочена друштвена акција за обострано задоволство?

На сите родители им е јасно дека децата имаат многу енергија која доколку не се канализира преку корисни активности може да премине во деструкција.

Затоа, подеднакво важно е покрај школските активности, каде децата со часови се врзани за столчето, да им се овозможат дополнителни активности преку спорт, забава и дружење кои освен што ќе ги изморат ќе допринесат и за нивна социјализација која е сè помала и претставува сè поголем проблем во модерниот свет.

На спортските детски забави можат да се вклучат подеднакво момчиња и девојчиња, на скоро сите возрасти.

Локацијата е флексибилна доколку обезбедува доволно простор за движење, така што забавата може да се организира во вашиот двор, во локалниот парк или пак во затворена сала. 

Можете да изберете од широката палета на активни и умствени игри во кои сите деца ќе уживаат без разлика на нивните можности и ниво на спремност. Исто така, може да си изберете спортска тема која ќе го одбележи настанот (како фудбал, одбојка, бадминтон или пак други интересни спортски игри). 

Забавите се изработуваат според интересите на децата, дозволувајќи им да си го изберат својот омилен спорт и/или игра. 

Спортови кои се забавни и соодветни за поголем број на деца се атлетика, кошарка, фудбал, одбојка, ракомет, бадминтон, пинг понг или групен фитнес. 

Па како би се одвивале овие забави?
На забавите се комбинираат забавни спортски активности со интересни рекреативни активности како што се трките во вреќа, трки со лажица и јајце, влечење јаже и многу други. 

Каква опрема е потребна?
Во зависност од тоа кој спорт или активност ќе се избере, потребни се топки, рекети, лажици, јајца, вреќи, чуњеви, музика и слично.

Бројот на деца е неограничен, но препорачливо е да има минимум 10 деца за забавата да има смисла.
Обично ваквите забави се најсоодветни за деца од 5 до 12 години.

Пожелно е на 15 деца да има барем по еден инструктор. 

Затоа, и покрај секојдневните активности и многу обврски, потрудете се за вашите деца да организирате што повеќе вакви забави, партиципирајте, тие ќе ви бидат благодарни како за квалитетно потрошеното време кое сте го одвоиле за нив, така и за забавата која сте им ја овозможиле.