ДЕТСКА ВОДООТПОРНА ОБЛЕКА

Подгответе се за безгрижна зимска авантура со вашите деца, со топла, водоотпорна и дишлива облека од брендовите REGATTA и D2Be.

Децата обожаваат да изгледаат кул, а родителите ја сакаат најдобрата заштита за своите деца. Зимската детска колекција на брендовите Regatta и D2Be ги задоволува потребите на целото семејство.

За оваа колекција се користат истите технологии и материјали како и за колекцијата за возрасни, што значи дека детските производи имаат подеднакво добри карактеристики како оние за возрасните. Покрај одличниот дизајн тие се карактеризираат и со одлична термо изолација, водоотпорност, дишливост и отпорност на ветер.

Ви презентираме дел од нашиот широк асортиман:

Скијачка јакна за момчиња изработена од водоотпорен и дишлив ARED 5000 материјал, достапна во големини од 5 до 12 години.

Скијачка јакна за девојчиња изработена од водоотпорен и дишлив ARED 5000 материјал, достапна и во розе боја, во големини од 5 до 12 години.

Детски скијачки панталони достапни во црна, сина, жолта, розе и бела боја, во големини од 5 до 12 години.

Детски водоотпорни чизми, достапни и во црна боја, во големини 28 до 37.

И за оние најмалите, детски комбинизон достапен во зелена и во розе боја, во големини од 6 месеци до 36 месеци.

Посетете не во нашата продавница, на улица Максим Горки бр.17, каде ве очекува голем избор на детски флисови, софтшели, јакни, панталони, обувки, капи и ракавици.