Рингераја за детско здравје

Наслов

Децата во добра физичка форма се поинтелегентни?

Старата изрека „во здраво тело здрав дух”, е докажано точна што се однесува до физичката форма на децата.

Американските истражувачи докажаа, дека децата кои се во добра физичка форма, имаат повеќе „бела супстанција” во мозокот, што е показател за подобра меморија и внимание. Во новата студија се користеле апарати за скенирање на мозокот, кои ќе ја истражат врската помеѓу телото и психичката кондиција на 9-10-годишните деца.

Децата, оценети како физички поздрави, имаат мозок со влакнеста и компактно бело материја - тоа е мрежата од нервните влакна, која е важна за испраќање на сигнали помеѓу различните зони на мозокот.

Авторот на студијата Лора Чадок-Хеjман, од Универзитетот на Илиноис, рече: "Претходните истражувања покажуваат дека децата со повисоки нивоа на добра физичка подготвеност имаат поголеми количини на бела материја во мозочните области важна за меморијата и учењето.

Таа рече дека во студијата се забележани значителни разлики во моќта на белата материја во мозокот, кои поврзуваат различни региони на мозокот. Д-р Чадок-Хеjман рече: "Сите овие региони играат важна улога за вниманието и меморијата. Оттука, се чини дека физичката форма може да има корисен ефект врз белата супстанција во текот на целиот живот."

05 Јуни 2015

За авторот