Наслов

Децата и ултимативната важност на сонот

Спиењето е многу повеќе од опоравување на организмот... велат најновите истражувања од невролошките науки. 

Сонот на сите ни е потребен, но особено е важен за децата во развој. Досега се знаеше дека сонот влијае на развојот на мозочните функции, како што се учење нови информации и зачувување на долгорочните сеќавања.

На последната конференција СОН 2015 (SLEEP 2015) одржана во јуни во Сиетл (САД), се собра водечката медицинска експертиза во оваа област со цел да ги дискутира новите резултати од истражувањата направени во последната година со кои што се дава одговор на родителите за важноста на сонот на нивните деца.

На неодамнешно истражување на животни, тим научници од Универзитетот во Рочестер откри дека додека спиеме мозокот се чисти, ослободувајќи се од целото ″ѓубре″. Ова го спроведува преку мрежа од специфични канали слични на одводниот систем кој што комплетно се отвора при спиење. Научниците сметаат дека овој процес на чистење користи многу енергија, па затоа мозокот чека додека да паднеме во сон за да се исчисти. 

Други истражувања ја истакнуваат идејата дека непрекинатиот сон е особено важен за децата, бидејќи хормонот потребен за развојот на ткивото и мускулите се ослободува примарно при спиење. Хормонот за раст се создава од 12 часот по полноќ до 6 часот наутро, а во тоа време децата треба мирно да спијат. 

Националната Фондација за сон препорачува 10-13 часа за деца во предшколска возраст, 9-11 часа за деца помеѓу 6 и 13 години и 8 часа за тинејџерите. 

 


СИГУРНО ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА - КОЛКУ ЧАСА СОН ИМ Е ПОТРЕБЕН НА ДЕЦАТА?


 Негативни ефекти

Недостатокот на сон носи низа проблеми кај децата како хиперактивност, дијабетес и дебелина, болежливост, а особено забележливо влијание има кај тинејџерите.

Симтомите на хиперактивност како агресивност, енергичност и импулсивност често произлегуваат од недоволно спиење кај децата, а понекогаш се поставува погрешна дијагноза на ADHD. Исто така докажано е дека и моторните функции и развој кај децата страдаат од недоволен сон. За разлика од сонливите и спори возрасни, децата стануваат експозивни како надополнување на недостатокот од енергија.

Голем број истражувања на СОН 2015 се посветени на хроничниот недостаток на сон што доведува до дебелина и дијабетес кај децата. Сонот го модулира невро-ендокриниот систем и глукозниот метаболизам, така што ако децата не спијат доволно тогаш виталните процеси се испуштаат. Епидемиолошките истражувања објавуваат дека децата и возрасните во модерните општества често спијат помалку отколку пред неколку декади.

Недоволното спиење го афектира и имунолошкиот систем, правејќи ги децата ранливи на многу заболувања. 

Кога ќе им се даде вакцина на деца што недоволно спијат, тие нема да реагираат позитивно како останатите деца што спиеле доволно и имаат здрав имунолошки систем. 

Тинејџерите се особено погодени од недостатокот на сон. Покрај многуте обврски околу училиштето, голема улога игра и технологијата. Многу тинејџери гледаат во екран чија сино-бела боја дава сигнали дека е ден и го буди мозокот, а често заспиваат со мобилни под перница што ги будат на секоја порака. 

Многу сообраќајни несреќи се предизвикани од недостаток на сон, а главна причина за смрт кај тинејџерите се токму ваквиот вид на несреќи. 

Исто така, направени се повеќе студии каде недостатокот на сон се поврзува со конзумација на алкохол и марихуана помеѓу тинејџерите. 


СИГУРНО ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА - РЕДОВЕН СОН КАКО НЕОПХОДНОСТ ЗА ДЕЦАТА


 Позитивни промени 

Решенија за подобар сон би биле неколку едноставни потези што можете да ги направите.

Прво што треба да направите е да ги отстраните сите електрични уреди од собата наменета за спиење. Електрониката е поголема зависност и од шеќерот. Затоа треба да се намали времето поминато пред екран особено непосредно пред спиење. Ако веќе гледате нешто намалете го осветлувањето на екранот. 

Друга работа е да ги отстраните можните алергени од собата, особено чадот од цигари за кој се смета дека предизвикува инсомнија и синдром на немирна нога. 

Исто така, ако вашето дете бара храна пред спиење најдобар избор е оброк со висок процент на протеини, а низок процент на шеќери. Ако јаде нешто благо пред спиење шеќерот во крвта ќе се качи и брзо ќе опадне предизвикувајќи глад кај детето, а со тоа и будење среде ноќ. 

За крај, научете ги децата да практикуваат присутност пред спиење. Медитацијата го смирува умот, го намалува стресот и го подобрува сонот по само 6 сеанси. Истражувањето е направено на возрасни лица, но нема зошто да не е ефективно и кај децата. 

14 Октомври 2015

За авторот