Нема родител кој барем еднаш не си го поставил ова прашање

Дали сум добар родител? Дали правилно го воспитувам своето дете?

Родителот има свои одговорности и задачи во својот професионален и личен живот. Интензивна и стресна работа, грижа околу домот, задоволување на потребите во домот, лични активности и хоби… Децата од друга страна имаат свои потреби и начини на истражување за осознавање на светот и себе си. Сакаат се да видат, да слушнат и почувствуваат. Да добијат љубов и внимание на повеќе начини.

Дали родителот ќе одговори на детските барања? И на кој начин?

Родителот сака децата да се задоволни, а воедно послушни и мирни. Не е лесно да се најде начин како да се воспитуваат децата и како да се направат добри избори.
Тие моменти не ставаат пред тешки избори. Родителите се трудат да балансираат
помеѓу љубовта и границите.

Поставените граници имаат позитивно влијание во развојот на децата. Тие учат дека имаат свој сопствен идентитет и дека и нивните родители имаат свој идентитет, а сепак се поврзани.

Сопствениот идентитет е една од сложените аспекти во формирањето на здрав развој на детето. Родителите не можат да го изградат идентитетот на своите деца можат само да влијаат во градењето на истиот. Создавањето на средина ,која им овозможува да го изградат својот сопствен идентитет да се појави природно е многу важен сегмент.

Неколку препораки кои може да се искористат за развивање на детскиот идентитет се: фокусирајте се на здрави вредности кои ќе им помогнат на вашето дете во обликувањето на нивниот идентитет, на пример, интегритет, напорна работа, почитување, одговорноста и сочувство; истакнувајте ги внатрешните ресурси и интереси на вашето дете; креирајте здрав животен стил за своето дете во кој ќе биде опкружен со здрави навики. Ако вашиот семеен живот е богат со здрави вредности, избори, активности и односи, вашите деца со голема веројатност ќе ги присвојат тие пораки како свој.

Децата учат од примери. Фактот дека децата се огледуваат на родителот е доволна причина да се фокусира на својот сопствен личен развој. Само ако имаме развиен интегритет во начинот на кој ние ги живееме нашите животи, ќе можеме да им обезбедиме на нашите деца со потребен модел за зрело функционирањето.
Нашата искреност, доверба и зрелост се суштината да се биде добар родител.
Безусловна љубов , со поставени граници е потребна за здрав развој на децата, нејзиното достигнување е како освојување олимписки медал 🙂

Марија Милошеска
(Автоката е дел од детската академија Бреинобреин Европа)
Текстот е објавен во уличното списание ЛицевЛице број 2