Наслов

Компјутер, Гаџет, Смартфон Генерација... Каде е рамнотежата?

Дали дома треба да се постават правила на користење на гаџети? Модерната технологија треба да ви служи вам, а не обратно и згора на тоа да ве оддалечи едни од други.

Неколку совети или т.н. Tips:


1. Потсетувајте ги вашите деца дека користењето на технологија (IPhones. IPads, мобилни телефони, компјутери и сл.) е привилегија, а не право.


2. Поставете правила во рамките на вашиот дом: кој, каква форма на gadget може да користи, кога и каде е дозволено и како вие сето тоа би го набљудувале и контролирале.


3. Истакнете ги последиците, позитивни и негативни, од правилно/неправилно користење на технологија.


4. Поставете"technology-free" зони кога сите ќе бидете дисконектирани од интернет - светот и ќе си посветите време на меѓусебна комуникација.


5. Помогнете им на вашите деца да постигнат рамнотежа во нивните животи со тоа што ќе ги мотивирате да останат физички активни, да уживаат во добра книга, да умеат да се релаксираат и да се забавуваат и без гаџетите.

"Родителите се првите и најдобрите учители на своите деца", вели Лаура Буденберг, Boys Town Training and Community Outreach Manager. " Тие треба да постават модел на правилна употреба на технологијата за нивните деца."


И ако веќе не сте го погледнале, не пропуштајте го видеото. Јас се најдов себе си.

05 Декември 2013

За авторот