Наслов

Бројки од значење

Неколку освестувачки факти за децата што ќе ве размрдаат на време...

6-12 години... е период кога децата во САД најмногу кампуваат. Затоа време е да научите како се пали оган во природа при врнежливо време.

6 недели... му требаат на едно просечно 12 годишно дете да заздрави од скршена клучна коска, најкраткото време за опоравување во животот. Одлично време за експериментирање!

14 години... е возраста кога вашиот метаболизам пикира. Но пред да се оддадете на брза храна и газирани пијалоци треба да знаете дека до 19 години се оформуваат прехрамбените навики кои што ќе ве следат цел живот. Затоа, слушајте ја вашата мајка и јадете зеленчуци.  

240... е бројот на училишта во САД што формирале mountain bike тимови во последните десет години. Започнете со спортот од сега за да можете да го терате истиот и во вашите седумдесетти години. 

16 години... била возраста на Ричард Бренсон кога го оформил своето прво списание ”Студент”. Тој за брзо време ја отвара и својата прва продавница за плочи наречена ”Вирџин”. По пет години, тој вреди 4,6 билиони долари. Па тогаш, што чекате?

2 години... е возраста кога Линдзи Вон започнува да скија. Поука? Не чекајте!

42%... од тинејџерите можат да пишуваат смс пораки со врзани очи. Научете нешто поуникатно и направете пари од истото. 

26 Август 2014

За авторот