7 предлози за активна пауза

Децата кои посериозно се занимаваат со некој спорт сигурно се судриле со одлуките што треба да ги направат за време на паузата помеѓу сезоните. Дали да продолжат да тренираат во доменот на својот спорт, да се занимаваат со други физички активности или пак пасивно да одмараат. 

Во овој случај, родителите можат многу да помогнат со тоа што на детето ќе му понудат разни активности за да време на паузата во кои што ќе бидат опфатени сите сегменти, па дури и пасивен одмор. 

Веќе напрегнатото дете спортист, треба да се растерети од секојдневните активности и тренинзи за да ја започне престојната сезона полно со елан и свежа енергија.

Децата лесно се заситуваат од еднолични активности, па затоа треба паузата да им биде време кога шаренолико ќе се забавуваат, одмараат, а притоа ќе ја подобрат формата. 

Затоа ви нудиме неколку предлози кои што би можеле да ги инкорпорирате во овој меѓу сезонски период, обично краток, но многу важен за психофизичката состојба на вашето дете спортист.

1. Ценете го она што сте го постигнале
Ревидирајте ја завршената сезона, тимот и индивидуалните достигнувања. Без разлика дали сте освоиле шампионат или не, пробајте да најдете некои добри сегменти кои што треба да се нагласат и таргетирајте ги сегментите кои што треба да се подобруваат. 

2. Задолжетилно одмор
Ако вашето дете тренира цела година, или пак е инволвирано во повеќе спортови, тогаш неговата/нејзината пауза може да биде само една недела. Како и да е, задолжително испланирајте и време за одмор. Санирајте ги повредите и дозволете му на телото да се обнови во овој период.

3. Тргнете се од секојдневието
Избегнете заситување со тоа што на кратко ќе се тргнете од спортот. Ова може да биде тешка задача, зависно од тоа колку вашето дете го сака својот спорт. Но, охрабрете го да помине барем малку време во други активности што ќе го окупираат неговиот ум, тело и сè друго што го тера да се наврати на пасијата. 

4. Останете активни
Да се остане активен значи да се проба нешто поинакво. Не дозволувајте децата да седат и да не прават ништо за време на паузата. Најдете нешто што ќе ги држи активни и ќе ги развие нивните спортски способности дури и ако не се работи за спортот којшто тие го играат. 

5. Играјте повеќе отколку што тренирате
Тренинзите за време на паузата се важни за да се подобри формата на детето за наредната сезона, но најдете некои интересни тренинзи кои што би можеле да ја разбијат монотонијата. Можете тренинзите да ги направите социјални активности кои воедно ќе понудат и забава.

6. Поставете си цели за наредната година
Што би сакале нашето дете спортист да постигне до наредната година? Дали е резерва и сакате да игра во прв состав дотогаш? Дали сака да се квалификува во национални натпревари? Има ли мака со кривите топки? Одредете ги целите и започнете да планирате како да ги достигнете.

7. Развијте нова вештина
Со преиспитување на сезоната што изминала, можеби сте откриле некои сегменти кои што би можеле да ја подобрат играта на вашето дете. Добро е да развие нова вештина, нов потез или да ги подобри слабите точки за време на паузата. 

Пробајте да го извадите максимумот од паузата помеѓу сезоните на вашите деца. Имајте на ум дека се деца, а не професионалци, па затоа не треба да ги префорсирате, но да не им дозволите ни залудно да го потрошат времето. Едноставно помогнете му на детето спортист да има продуктивна и пријатна пауза.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија