Заеднички сите славиме 1 години од нашиот прв тренинг !

Тригодишната Бела Зарапчиева, на 13ти Јануари 2019та се запиша како најмладата сноубордерка која успеала да го спушти врвот Крстовар, кој со своите 1066 м.н.в претставува највисокиот врв на планината Водно.

Малата Ева, со неполни две годинки, стапна на скии. Оваа статија има за цел да ги мотивира родителите да им овоможат на децата на што помала возраст да се запознаат со зимските спортови, особено скијањето.

Тренинг Академија на ФК Форца - Штип ги отвора вратите за младите кои отсекогаш сонувале да станат фудбалери.

Тоа што е врзан за количка не го спречува 9 годишниот Јане да игра фудбал во секоја прилика. Девет годишниот Јане Велковски од Скопје, главниот град на Македонија, живее за и со фудбалот. Тој игра фудбал во секоја можна прилика, а очите му светнуваат секогаш кога зборува за својот омилен спорт.

Најраните искуства на децата значајно ја оформуваат сликата за себе. Споделувањето, создавањето пријателства, обрнувајќи внимание, изразувајќи чувства и успешно справување со предизвиците, се вредни вештини кои ја формираат основата за доживотно учење и развој. Семето на овие вештини - наречено "социјален и емоционален развој" - се создаваат преку најраните детски искуства.

Една од најважните улоги како родители е како да израснеме деца кои ќе станат независни и ќе се потпираат на своите ресурси и снаги. Секако во раните фази од детскиот развој, децата ќе сметаат на вас за поддршка и нега. Како што ќе растат тие ќе станат понезависни во базичните области од живеењето, но сеуште ќе зависат од вас за љубов, сигурност, водство и поддршка.

Од 19 до 25 јуни се одржа првата смена од летниот камп SUN & FUN во авто кампот Ливадиште. Триесетина ученици на возраст од 10 до 14 години имаа можност да уживаат на бреговите на Охридското езеро, но воедно и да научат многу од обуките што се одржуваа во тие седум дена.

Изминатиот викенд бевме во Лесковац на Меѓународен митинг во пливање, но бидејќи е прв во сезоната, резултатите не се во преден план.

Децата се природни јогини. Ако внимателно ги набљудуваме, ќе забележиме дека тие спонтано и без напор, уште од најрана возраст, изведуваат многу класични јога вежби како што се положба на бебе, плуг, куче кое гледа долу, кобра, бебе кое се смее и други асани. И уште, со својата креативност, опуштеност и детската невиност изразена преку нивните игри, тие измислуваат и нови, покомплексни асани.

Секој родител посакува неговото дете да го достигне својот максимален креативен и интелектуален потенцијал. Креативноста им носи многу бенефиции на децата подоцна во животот. Факт е дека креативните лица се пофлексибилни, полесно ги совладуваат пречките и гледаат можности таму каде што другите гледаат проблеми.

На Facebook