Наслов

Витамин C за нешто повеќе

Една од причините зошто витаминот C треба да заземе перманентно место во вашиот суплементарен арсенал нема никаква врска со имуниот систем. Овој витамин има и бројни други бенефиции кои може да ги понуди.

Подобро справување со стрес
Природно, витаминот C во најголема концентрација во нашиот организам се наоѓа во адреналните жлезди (надбубрежните), па научниците велат дека стресот може да ги потроши овие залихи. Биле правени испитувања на заморчиња со што се докажало дека дневното консумирање на витамин C кај оние глувчиња кои биле ставани под стрес (имобилизирани по еден час на ден) ги намалувало нивоата на стрес хормоните во крвта.

Го чува нашето срце
Постојат докази дека витаминот C може да ги намали концентрациите на C-реактивниот протеин, главниот биомаркер на воспалението кој е моќен предвидувач за срцеви заболувања и дијабетес. Се покажало дека кај возрасните испитаници кои имале покачени нивоа на овој протеин се покажале намалување на концентрацијата по двомесечно земање на дневна доза витамин C, во споредба со оние кои земале палцебо.

Бидете поиздржливи
Витаминот C е важен за растот и поправката на голем број на ткива во организмот па затоа не е лошо сок од цеден лимон да се практикува пред и по тренингот. Една студија од Универзитетот од Висконсин каде две групи на луѓе вежбале во времетраење од 60 минути открила дека оние кои консумирале 500 мг. на витамин C пред тренингот имале намален умор и слабост за разлика од другата група.

20 Февруари 2013

За авторот