Комерцијален текст

Протеини – основа во исхраната на сите активни луѓе

Сте се прашале ли некогаш зошто сите луѓе кои редовно се занимаваат со физички активности се толкави љубители на протеини? Зошто нивните додатоци во исхраната се базирани токму на протеини, во најразлични облици и вкусови?

Протеините, заедно со водата, се најважните супстанци кои се задолжени за одржување на сите клетки во нашето тело. Тие се состојат од 20 аминокиселини кои можат да се поделат во три групи:

1. Есенцијални аминокиселини (оние кои организмот не може сам да ги произведе и потребно е да се внесат преку храна)

2. Условно есенцијални аминокиселини (како што се тирозинот, цистеинот, глутаминот и аргининот)

3. Неесенцијални аминокиселини (оние кои се создаваат во телото со биохемиска преработка од есенцијалните аминокиселини)

Брзото темпо на живот често нѝ диктира брза храна и нередовна исхрана која, за жал,  не е богата со протеини.  Недостатокот на протеини во исхраната се манифестира со појава на неколку симптоми:

Зголемена желба за слатка храна – една од позначајните функции на протеините е регулирање на шеќерот во крвта, па оттаму недостатокот на протеини во организмот предизвикува желба за слатки.

Намалена концентрација – кога на организмот му недостасуваат протеини доаѓа до промени во нивоата на гликоза во крвта, која помага за фокус и концентрација.

Задржување на вода – една од функциите на протеините е и одржувањето на баланс на водата во организмот кој при недостаток на оптимална количина на протеини се пореметува. Задржувањето на вода во организмот предизвикува промени во бојата на кожата, болки во зглобовите и висок крвен притисок.

Недостаток на енергија – протеините се важен елемент кој влијае на изградбата на мускулите и го поттикнува создавањето и опоравувањето на мускулните клетки. Оттаму, недостатокот на протеини го ослабува мускулниот состав, а кај активните луѓе ја намалува отпорноста на повреди.

Чести болести – недостатокот на протеини предизвикува пад на имунитетот, а со тоа и подложност на разни болести. Протеините исто така учествуваат во процесот на опоравување на виталните органи, така што нивниот недостаток може да предизвика појава на болести, особено ако таквата состојба трае подолго време.

 

Недостатокот на протеини во организмот може да предизвика низа сериозни здравствени проблеми. Затоа, потрудете се во вашата исхрана да вклучите доволна количина на овие макронутриенти. Редовно јадете млечни производи, месо, риба, јајца и јаткасти плодови.

Доколку сте физички активни, препорачливо е да внесувате протеини и во вид на суплементи, бидејќи во спротивно ќе се соочите со калориски дефицит. Кога внесуваме помалку енергија отколку што трошиме, неизбежно доаѓа до губење на мускулната маса.

Без разлика дали се работи за whey протеин (протеин од сурутка), касеин, протеин од белка од јајце, протеин од соја, од коноп или говедски протеин, суплементите се тука за да ви го олеснат процесот на задоволување на вашите дневни протеински потреби.

 

Од неодамна, благодарение на Polleo Sport, кај нас се достапни висококвалитетни протеини и други додатоци во исхраната кои се неопходни за сите активни луѓе. Освен протеински шејкови, таму ќе најдете протеински десерти, заменски оброци, витамини, минерали, аминокиселини, енергетски напитоци, и многу други производи кои ќе ви помогнат да го одржувате вашето тело здраво и во топ форма.

Според стручните лица од Polleo Sport Македонија, она што е важно да се знае при планирањето на режим за исхрана е фактот дека морате да се обидете да ги задоволите потребите за сите макронутриенти од што е можно поразлични извори. Кога е храната во прашање, ставете го квалитетот пред квантитетот.