#BoostYourHealth

Наслов

Најголемото осигурување за вашето здравје

Ова осигурување не се плаќа месечно, за да ви ги плати и покрие трошоците за лекување кога ќе ви се влоши здравствената состојба.



Ова е превентивно осигурување кое спречува да дојде до влошување на вашата здравствена состојба. Осигурувањето се нарекува витамини. Витамините (и минералите) се неопходен дел од правилна и балансирана исхрана на секој човек (мажи,жени, стари или млади) и имаат огромна улога врз метаболизмот и здравјето на човекот. Витамините (и минералите) не се главни фактори кои влијаат на раст на мускулот и обнова на ткивата во телото, туку нивната задача е да ги осигураат условите за тоа да се случи.

Витамините допринесуваат до:

  • Подобро здравје
  • Добра и правилна апсорпција на храната
  • Апсорпција на минералите
  • Правилна изградба на мастите
  • Раст и обнова на мускулното и коскеното ткиво
  • Правилен раст, развиток и репродукција
  • Произведува неопходни работи за нормално функционирање на телото (обновување на колаген, поттикнува хормони и др.)

Замислете дека човечкото тело претставува куќа, а мускулите на телото претставуваат цигли. Бетонот помеѓу циглите кој ја обезбедува статичноста на куќата да не се сруши се витамините кои ја осигуруваат целата конструкција од колапс. Телото не може да ги произведува сите витамини, а оние кои може, не ги произведува доволно во континуитет (на пример витамин Д во зимскиот период), и поради тоа мора да се внесуваат преку исхрана или додатоци во исхрана(суплементи). Потребите за дневен внес на витамини вараираат во однос на:

  • Годините 
  • Полот
  • Телесната тежина
  • Начинот на живот (“неуреден” начин на живот, конзумирање на алкохол, лесни и тешки дроги и слично)
  • Активности (спорт)

Витамините сами по себе не се извори на енергија ниту имаат енергетска вредност, така што не може никого да “здебелат”. Тие едноставно ги регулираат процесите, правилно ја разградуваат храната (протеините, јаглехидратите и мастите), овозможуваат “производство” на нови протеини, шеќери и масти за нормална функција на телото, обнова на ткивата и др. Без доволна количина на витамини во телото, доаѓа до многубројни пореметувања кои можат да предизвикаат тешки заболувања, кои доколку не се лечат правилно, можат да предизвикаат и смрт. 

Витамините се есенцијална потреба, без кое телото не може да преживее. Тие директно влијаат на нашиот физички, ментален и емотивен живот и мора да ги имаме во доволни количини, во спротивно помалку или повеќе би се соочиле со здравствени проблеми.

Човекот по природа не е депресивен, ниту вознемирен. Тоа се отстапувања од нормалниот, оптималниот начин на живот и последица од некои внатрешни пореметувања на телото. Начинот на живот на просечен човек денес е таков што константно сме изложени на поголема кочичина на стрес како никогаш до сега и затоа некои работи му се потребни во исхраната повеќе отколку порано, како би можело телото да се одбрани од зголемената количина на стрес.

Пред 100-тина години храната беше поздрава, во исто време немаше толку автомобили, ниту пак фабрики кои го загадуваа воздухот, ниту се користеле толку пестициди врз овошјето и зеленчукот.

Срцев и мозочен удар се најчестите причини за смрт во индустријализаните земји. Болеста се вика атеросклероза (масните наслаги доведуваат до стеснување на вените, оштетување и стврднување на крвните садови што доведува до мозочен удар или инфаркт). Атеросклероза е типичен пример на болест во модерниот свет која е настаната поради слаба витаминска исхрана и стресен начин на живот. Во првата половина од 20-тиот век атеросклерозата била скоро непозната. Еден од првите извештаи, ако не и првиот за оваа болест доаѓа од 1912 година, од др.James Herrick во престижното научно медицинско списание “JAMA” (Journal of the American Medical Association). Болеста била толку ретка што познатиот светски кардиолог др.Paul Dudley White ги поминал следните 10 години во нејзино истражување за да пронајде уште три случаи. Секако, болеста постоела нема сомневање во тоа, но денеска имаме милиони случаи од оваа болест во секоја земја

Интересен податок е што во истото списание, после 90 години се објавува дека  60 милиони Американци во “зрели” години (од 20 години па натаму), имаат некоја форма на коронарна болест. Ова се чисти докази од денешниот “неуредeн” начин на живот, стрес и нутритивно многу “слаба” исхрана (зелената салата изгледа идентично иста како и пред 100 години, но нутритивно е значително многу послаба).

Постојат седумнаесет витамини (некои повеќе, а некои помалку) потребни за човековото здравје, и се делат во две групи:

  • Растворливи во вода
  • Растворливи во масти

Витамините растворливи во вода лесно и брзо се апсорбираат во крвотокот каде слободно циркулираат, спремни за потребите на организмот. Овие витамини не се складираат во телото, односно во случај кога нивната концентрација ќе го помине нивото кое му е потребно на телото, тоа ги исфрла преку мокрење. Во оваа група спаѓаат:

  • Витамин Ц
  • Витамин Б комплекс
  • Б1 (тиамин)
  • Б2 (рибофлавин)
  • Б3 (ниацин)
  • Б4 (колин или аденин)
  • Б5 (пантотенска киселина)
  • Б6 (пиридоксин)
  • Б7 (биотин или витамин Х)
  • Б8 (инозитол)
  • Б9 (фолна киселина)
  • Б10 (ПАБА односно парааминобензоева киселина)
  • Б12 (кобаламин)
  • Б15 (пангаматска киселина)

 

Повеќето витамини растворливи во вода се стабилни во повеќе услови, освен Б6 и Б12 се осетливи на светло.

Витамините растворливи во масти за разлика од витамините растопливи во вода се разликуваат по тоа што за апсорпција им е потребно да дојдат во контакт со масти кои ги користат како растворувач. Претежно и се наоѓаат во мастите, маслата и масната храна. Клиничките знакови на недостатоци се јавуваат дури по неколку години. Кај овие витамини многу е важно да се обрне внимание на дозирањето, односно вишокот од овие витамини се складира во “масните складишта” и поголема количина создава токсичност. Овие витамини се осетливи на оксидација и мораат да се заштитат од влијание на висока топлина и УВ- зрачења. Витамини растворливи во масти се:

- Витамин Д (калциферол)

- Витамин Е

- Витамин К

- Витамин А

- Зголемени дневни потреби за витамини имаат:

- Трудници

- Луѓе во развој и раст

- Спортисти

- Кога телото е изложено под стрес (физички и ментален)

- При опоравок од повреда или траума

- При лечење на разни болести

Витамините како есенцијална потреба за човечкото тело да функционира нормално, здраво и полно со живот е осигурувањето кое нам ни е потребно.

Кампањата #BoostYourHealth која ја покрена Polleo Sport има за цел да го подигне нивото на свесност кај луѓето на здравиот и активен начин на живот, важноста на витамините, минералите и балансираната исхрана. Биди и ти дел од здравата страна на светот, приклучи се и ти!

12 Август 2018

За авторот