БИОкулт рецепти

Вкусна здрава кајгана со кокосово масло за пржење

Погледнете го видео рецептот за една вкусна кајгана со тофу, органски намаз од рукола и домати и кокосово масло за пржење… Уживајте!

  • 3 јајца
  • 1 тегличка STREICH намаз од рукола и домати
  • бибер мелен
  • 200 грама тофу
  • 2 лажици кокосово масло за готвење
  • младо кромитче

Подготовка

1. Три јајца се матат и се додаваат две лажици STREICH намаз од рукола и домати. Во изматените јајца додаваме малку мелен црн бибер и сецкани црни маслинки.

2. Тофуто се сецка на коцки и со тоа подготовките завршуваат, па преминуваме на следна фаза…

3. Во керамичка тава се ставаат две до три лажици органско BIO PLANETTE кокосово масло. Ние го користевме она со сина етикета кое нема карактеристичниот вкус и мирис на кокосово масло и е наменето за готвење. Дополнително е погодно ако ви е здосади вкусот на тропското овошје, но не и неговите здравствени придобивки бидејќи ги нуди сите полезности како и стандардното кокосово масло.

4. Маслото се растопува на средна кон висока температура и најпрво се пропржува тофуто.

5. По кратко пржење се додаваат јајцата, постојано се промешува и се прави кајгана.

6. За послужување и раззеленување додадовме младо кромитче сецкано на тркалца.

Автор

BIOkult

Скопје

Македонија