Печени јајца од препелица во пиперки и домати

Насловот кажува сè..

 
  • 2-3 домати
  • 2-3 пиперки
  • 20 грама путер
  • 50 грама сирење
  • јајца од препелица
  • китка магдонос
  • сол, бибер
 

1. Доматите се сечат попречно и со лажиче им се вади средината, а пиперките по должина.

2. Се редат во тавче, им се премачкува внатрешноста со путер и се печат околу 5 минути. 

3. Се вадат од рерна и во во секоја половинка се ставаат листови сирење и по едно јајце.

4. Се додава сол и бибер по желба и се печат уште 10 минути.