Наслов

Њоки со домашно песто од див лук

Мечкини лук, прескапа и ексклузивна состојка на француската кујна, а чест пролетен инвентар на влажните почви на македонските планини. Нашиов го набравме во дуфскиот кањон близу селото Ростуше во Мијачијата, а истиот може да се најде секаде каде што има доволно влага и сенка. 

 
  • Домашни или купечки њоки
    путер
  • пармезан
  • За песто:
  • 200 грама див лук
  • 200 грама ореви
  • 200 грама маслиново маслo
  • сол и бибер
  • 1 лажичка јаболков оцет или сок од лимон
  • луто пиперче (опционално)
 

Спремање на њоките

1. Овој пат се одлучивме за полуготови купечки њоки во интерес на времето, а нареден пат очекувајте рецепт за домашни свежи њоки.

2. Њоките се ставаат во зовриена, солена вода и се варат кратко додека да испливаат на површината. Потоа се цедат и се ладат со вода.

Песто

1. Во блендер се става крупно исецкан див лук, оревите, маслото, лимонот и се зачинува според вкус. Состојките се блендираат до соодветната конзистенција и се додава печено или свежо луто пиперче.

2. Пестото можете да го ползувате за различни кулинарски магии затоа што е превкусно.

Спојка на состојките

1. Во загреано тавче, се растопува путерот, се додаваат њоките и се пропржуваат додека да фатат коричка, да заруменат*.

2. Се додава добра количина од пестото и убаво се меша. Се служи топло, наросено со пармезан.

*Доколку пржите на тефлонско тавче њоките нема да заруменат, па затоа употребете обично тавче. 

04 Мај 2014

За авторот