Бостански факти за кои сте немале поим

Фокусот е задржан на лубеницата, нејзините слатки детали и ситни семчиња…

1. Потекнува од Африка и тоа поточно од Египет. Пронајдени се семки од лубеница и хиероглифи во гробници што датираат од 2 век п.н.е. Оттука нејзиното одгледување најпрво се проширило низ Европа, а потоа со пренесувањето на робовите и во Америка.

2. Лубеницата е всушност бобинка (една од најголемите), како и боровинката. Така е дефинирана заради нејзината цврста лушпа, која обиколува мека и хранлива срцевина. Исто така ботанички припаѓа во групата на зеленчук.

3. Постојат околу 300 видови лубеница, а околу видови 50 се консумираат.

4. Лубеницата може да се зготви. Во некои познати ресторани во светот на менито ќе најдете лубеница на скара, комбинирана со месо, со сирење и други различни специјалитети. Краткото изложување на температура, вусшност ги нагласува вкусот и мирисот.

5. Најголемата измерена лубеница во светот тежи 159 килограми.

6. Зрелоста на лубеницата може да ја процените од око; „со чврга” несозреаните лубеници даваат метално ѕвонлив звук, додека зрелата лубеница звучи задушено или празно; и по бојата на лежиштето кое треба да биде жолто-кремаво.

7. Лубеницата е 92% составена од вода. Затоа е одлична за хидратација во врелите летни денови, а освен течност внесувате и дополнителни витамини и минерали.

8. Не сите лубеници имаат црвена бојата. Постојат и жолти варијанти кои се помалку популарни, но сепак слатки како и црвените, а исто така постојат и светло зелени лубеници.

9. Зборчето бостан како поим за лубеница и диња кој се употребува во нашиот јазик е турцизам. Придавката „бостански” пак, која е впрочем и во насловот истотака си постои во речникот на македонскиот јазик, а една од често користените поговорки со зборчето „бостан” е познатата „Го обра бостанот” која се однесува на некој што западнал во голема неволја. 

10. Лубеницата без семки не е резултат на генетска модификација (ГМО) туку е добиена со вкрстување на две различни сорти, така што на крај се добива плод кој не може да се разможува. Слично како мулето во животинскиот свет.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија