Наслов

Карфиол, жолт и лут

Убава пикантна сезонска салата со карфиол што ќе ве засити.

 
  • 1 главица карфиол
  • 2-3 лажици маслиново масло
  • 1 лажиче рендан ѓумбир
  • 1 морков
  • 1 црвена пиперка
  • 1 лажица пире од домати
  • 2 лажички кориандер во прав
  • 1 лажичка чили во прав или лут буковец
  • 1/2 лажичка куркума
  • природна морска/хималајска сол
  • магдонос
 

Подготовка

1. Карфиолот се ситни на мали цветчиња и се бланшира само 5 минути за сеуште да биде тврд и крцкав.

2. Морковот и пиперката се сечат на коцки.

3. Во тавче со загреано масло се додава ѓумбирот, а после половина минута морковот и пиперките.

4. Се додава потоа карфиолот и се динстаат околу 10тина минути, а на крај се додаваат и сите останати состојки.

14 Април 2014

За авторот