Наслов

Карфиол на поинаков начин

Одлична закуска со ниско калорична, а високо хранлива вредност. Ако направите поголема количина може да ви замени и цел оброк.

 
  • 1 главица карфиол
  • 150 мл маслиново масло
  • сол, бибер
  • гранче рузмарин
  • 2-3 чешниња лук
  • 1 лажичка куркума
  • сок од еден лимон
 

Подготовка

1. Во подлабок сад го толчиме лукот и ги додаваме сите зачини, сецканиот рузмарин маслото и сокот од лимон. 

2. Во подготвената смеса ги валкаме цветчињата од карфиолот и ги редиме во претходно намастено тавче.

3. Печеме во загреана рерна околку 45-50 минути на 180 степени целзиусови, додека карфиолот да омекне.

05 Ноември 2013

За авторот