Јак протеински сендвич
Сендвич за надополнување на енергијата по интензивен тренинг.
- 1 лајбица, погачица, земичка или слично
- 2 јајца
- 1 кромидче, босилек или нане
- рендан кашкавал (каков и колку сакате)
Подготовка
1. Земичката се сече по горниот дел и се длаби.
2. Во неа се става ренданиот кашкавал и зеленчукот по желба.
3. Одозгора пополека се кршат двете јајца.
4. Лајбичката се премачкува до малку жолчка.
5. Се пече во рерна на 170 степени, 15-20 минути (се гледа по јајцето).