Авокадонез без мајонез
Откријте ја убедливо најдобрата страна на лебот со овој превкусен намаз од авокадо.
- 2 големи зрели авокада
1 рака свеж босилек - 1 голема лажица маслиново масло
- 1 голема лажица сок од лимон
- 1 чешне лук
- сол и бибер
Пoдготовка
1. Авокадото исечете го на коцки, лукот истолчете го, босилекот исецкајте го ситно, сите состојки во блендер и изблендирајте.
2. Во зависнот од вашиот вкус може да ја засилите дозата на лукче или лимон.
Загарантирано ќе го снема веднаш, заедно со цел леб, барем така беше кај нас.
Забелешка: чисто вегански рецепт!