Малку благичко колачово лебче - од пријателите на Донев
Нетрадиционално бадниково лебче
Ви посакувам среќен Божиќ и весели празници!
- 350г оризово брашно
- 150г ‘ржано брашно (уште 50г на страна за додавка)
- 1 мало лажиче кафеав шеќер
- 1/4 мало лажиче крупна сол
- 1 пециво за печење со ванила
- 1 лажица чиа
- 1 лажица мелен рогач
- мешани снегулки по избор (овесни, лимец и ‘ржани)
- 2 банани
- 250~300мл оризово млеко
- 1 лажица ладно цедено сончогледово масло
- 1 јајце
Подготовка
1. Потребни се два сада и тава за печење. Во едниот сад се додаваат сувите продукти, а во другиот течните продукти.
2. Во садот за суви продукти се додаваат двата вида на брашно, пециво, мелено рогче, чија, снегулките, шеќер и сол. Убаво се мешаат и се оставаат на страна.
3. Во другиот сад се пасираат 2те банани, а потоа се додава масло, јајце и млеко. Убаво се мешаат сите продукти во овој сад.
4. Течниот дел се додава на сувиот дел, полека и со константно мешање.
5. Смесата почнува да се меси, а доколку премногу се лепи, се додава по малку брашно.
6. Кога ќе се добие убава хомогена смеса, се развлекува во форма на круг и се става во тавата за печење (каде предходно е наросено брашно за лебчето да не се залепи).
7. Рерната се загрева на 200 степени целзиусови, а откога ќе го ставиме лебчето, се намалува на 180 степени. Се пече на горен и долен греач, со вклучен вентилатор, околку 60 минути.