Наслов

Зошто да ги потопите јатките во вода?

Освен за да ги омекнете па да можете да ги смелите во вкусно веганско млеко?!

Одбрамбените мехнанизми се нешто што постојано го гледаме во природата во вид на боцки, имитации, отрови. Јаткастите плодови колку бенигно и да изгледаат всушност својот матуритет го достигнуваат благодарение на еден одбрамбен механизам, кој целото животинско царство го избегнува - фитична киселина.

Оваа фитична киселина има способност во дигестивниот тракт да се врзува за минералите како цинкот, железото, калциумот, магнезиумот и манганот и да гради несолубилни преципитати, кои го отежнуваат варењето на храната и доаѓа до исфрлање на цели парчиња непреработени јатки преку столицата.

Освен што има интеракција со минералите, фитичната киселина делува и како врзувач (хелатор) на ниацинот (витамин Б3), па може да дојде до појава дефицит на овој витамин кај луѓе чија диета е заснована на јаткасти плодови.

Но секако фитичната киселина може да биде неутрализирана на едноставен начин, со потопување на јатките во вода преку ноќ. Наредниот ден фрлете ја водата, убаво измијте ги и искористете ги во наредните 24 часа или ако поседувате дехидрататор, оставете ги 12 часа на сушење и уживајте во здравите грицки.

25 Септември 2013

За авторот