Знаеш дека ти фали протеин кога…

Протеинот е клучен макронутриент без кој човековото тело не може да функционира. Неговата улога во животот на активните луѓе е уште поважна а евентуалниот недостаток може да има негативни последици врз тренингот и здравјето воопшто.

Количината на протеин која му е потребна на човековото тело варира според индивидуалните потреби на поединецот и истите варираат од 0.9гр по телесен килограм (според СЗО) па се до 2 и повеќе грамови во зависност од спортот со кој се бавите. Од количината на протеин и неговиот квалитет зависи во колкава мера ќе се опоравуваме од тренинзите и во колкава мера ќе имаме напредок во она што го тренираме.

Со оглед на модерното време и начинот на живот кој го живееме веројатноста да бидеме дефицитарни со количините на овој нутриент се многу веројатни и покрај тоа што калориски најчесто сме во голем суфицит кој пак најчесто доаѓа од шеќери. Честопати, брзата и процесирана храна е најлесниот извор за маскирање на гладта, но она за што вистински е гладно спортското тело е протеин.

Еве неколку состојби кои доколку ги забележите кај себе можат да претставуваат знак дека вашата дневна потреба за протеин веројатно е поголема од онаа што ја конзумирате во моментот.

1.Намален перформанс– првото поле на кое ќе се почуствува дефицитот од протеин е тренингот. Без разлика на трудот кој го вложувате, резултатите ги нема. Диета која не ги задоволува оптималните потреби за протеин може да предизвика мускулна атрофија.

2.Анксиозност и депресија– ако се чуствувате раздразливо или постојано избувнувате, имате проблем со несоница или нестабилен сон, можеби е време за да го зголемите дневниот внес на протеин. Протеините му помагаат на мозокот полесно да ги синтетизира хормоните кои прават да се чувствувате смирено и позитивно, како на пример серотонинот.

3.Чести повреди– недоволната количина на протеин во исхраната го зголемува ризикот од губење на мускулната маса, споро закрепнување на микрофрактурите на коските што пак доведува до мускулна-склетена слабост, фрактури и остеопороза. Исто така протеинот е клучен во абсорбцијата на калциум. Клучниот минерал за здрави и силни коски.

4.Зголемен апетит– постојаната потреба да се посегне по некоја ужина полна со калории, може да биде директна последица од недостаток на протеин во исхраната, а зголемен внес на прости јаглехидрати. Протеинот кој е оптимално застапен во секој оброк го стабилизира нивото на шекер во крвта и ја подобрува дигестијата. Доколку пак постојано имате потреба од некој богат протеински оброк како јајца, месо или млечни производи, послушајте го вашето тело и дајте му го она што му е потребно.

5.Други знаци– доколку вашето тело има недостаток на протеин, мошне е веројатно истото да почне да “снабдува” протеин од деловите на телото кои не се толку важни како: нокти, коса и така натаму. Ако почустувавте дека косата ви станува оштетена и или пак ноктите ви изгледаат болно, време е да направите измени во вашата секојдневна исхрана. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија