Зајакнете го имунитетот за време на есента

Освен прекрасниот пејсаж, есента ни обезбедува разновидност од овошје и зеленчук преполни со витамини и минерали што ни помагаат да се справиме со студената зима и болестите што ги таа носи.

 

Ви предлагаме неколку овошја и зеленчуци што се препорачуваат да се консумирање за време на постудените месеци:

Домати

Доматите се преполни со витамин Ц, важен витамин за здраво тело, совршен начин за зајакнување на имунитетот и спречување на зимските настинки. Доматите содржат ликопен и бета каротен, состојки познати по своите антиканцерогени својства.

Брокула

Брокулата е супер-храна за оваа сезона, бидејќи го забрзува метаболизмот и го зајакнува имунолошкиот систем со помош на состојките што ги содржи како витамин Ц, железо, калциум и слично.

Јаболка

Јаболката секогаш треба да бидат на вашата маса, бидејќи се спакувани со витамини и минерали, но запомнете дека јаболкото треба да се консумира заедно со лушпата, бидејќи таму се наоѓаат сите витамини и минерали.

Калинка

Калинките се актуелни од октомври до јануари. Малите семиња наречени арили се одличен извор на растителни влакна и се полни со антиоксиданси.

Морков

Исто така добра есенска селекција, бидејќи е преполн со бета каротен, растителни влакна и калиум.