За мрзливи домаќинки и домаќини

Поведени од идејата да им ја приближат здравата храна, поточно зеленчукот, на своите потрошувачи, еден супермаркет од Нов Зеланд ги преуредува полиците за свежи продукти…

За некои ова е брилијантна идеја, за некои бесмислена. Во Нов Зеланд може да си купувате сецкан зеленчук на кило. Токму така, како што купуваме ореви, лешници, кикирики во супермаркетите, во Нов Зеланд може да си купите и свежи краставици, модри патлиџани, брокула, карфиол, моркови, пиперки, сето исецкано за да не мора дома да се „мачите″.

Од супермаркетот велат дека е одличен начин да се елиминира остатокот од храна и органското ѓубре, бидејќи секој може да си земе точно колку што му е потребно, а од друга страна е дополнителна удобност за сите кои сакаат да поминат повеќе време на трпезата отколку во кујната, за младите професионалци кои постојано брзаат некаде и за старите лица.

Зеленчукот се менува на секои 3 дена и чини NZ$9.99 или 6.14 евра за килограм. Веројатно испаѓа 10 пати поскапо на крај, но сепак секој луксуз скапо се плаќа…

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија