Храната е поздрава во пар

Ако знаете како храната правилно да ја искомбинирате, можете да ја зголемите апсорпцијата на витамините и минералите дури за 50%.

Витамините и минералите во порцијата може да стапуваат во меѓусебни интеракции и крајниот ефект да биде или помала апсорпција на нутрициенси (непосакуваниот исход) или поголемо искористување на сите нутритивни добра од оброкот. Совет, два за тоа која храна да ја спарите за да добиете максимум од она што ќе го изедете.

Железо и витамин Ц

Недостатокот на железо зафаќа епидемиски димензии, а често е резултат на сиромашна исхрана и слаба апсорпција. Може да се манифестира како анемија или во порана фаза само како исцрпеност, бледило и недостаток на енергија.

Бидејќи овој минерал е есенцијален за крвта и имуниот систем, мора да се обрати внимание и на неговото внесување преку исхраната, а комбинацијата од железо богати продукти со витамин Ц ја зголемува неговата апсорпција многукратно.

Совет: Испијте чаша сок од портокал пред ручек или житарките искомбинирајте ги со свежи јагоди и киви. Брокулата како додаток на месото е одличен извор на витамин Ц, а да не зборуваме за нераздвоивите риба и лимон.

Избегнувајте кафе или чај пред оброците. Танините од овие напитоци ја инхибираат минералната апсорпција.

Витамин Е и здрави масти

Есенцијален витамин за подобрување на циркулацијата и неопходен за ткивна репарација. Заедно со другите витамини од липосолубилната група К, А, Д и бетакаротените, неопходни се масни соединенија комплетна апсорпција.

Совет: Семките, јатките, житарките и листестите зелени растенија како ќељ и спанаќ се добар извор на витамин Е. Во комбинација со масни соединенија од извори како маслиново масло, таан или авокадо ја добивате најздравата комбинација на витамин е и здрави масти и максимален ефект.

Калциум и пробиотици

За максимална способност на цревата добро да ги примаат сите нутритивни состојки од храната неопходна е и здрава и балансирана флора во дигестивниот тракт.

Совет: Храна богата со диетални влакна како житарките во комбинација со пробиотиците од јогуртот се одличен начин за фаворизирање на здрава флора.

Избегнувајте храна богата со железо кога внесувате и храна богата со калциум бидејќи се натпреваруваат за истите рецептори во цревата.