Факти со вкус на ванила

Ако веќе мора да правиме поделби тогаш светот нека е поделен на луѓе кои јадат десерт од чоколада и луѓе кои јадат десерт со ванила. Прв факт, овие вторите ги има во поголем број…

1. Најскапиот зачин после шафранот е ванила. Иако на широко распространета, слатката арома на ванила се добива многу тешко и изискува макотрпна работа. Бидејќи цветот е отворен само 24 часа, за кои мора да биде опрашен од специфичен вид на пчела – мелипона, најголемиот дел од опрашувањето се прави рачно, што не е едноставно за изведување.

2. Ванилата е всушност цвет .И тоа поточно припаѓа на фамилијата орхидеи и единствен вид кој дава плод и што може да се консумира. Мешунките кои излегуваат од цветот се собираат пред да созреат, се киснат во топла вода извесно време, а потоа се сушат.

3. Изгледа дека пајаците не може да ја поднесат аромата на ванила. Ако имате место во станот или градината каде постојано наидувате на пајаци, оставете екстракт од ванила или неколку мешунки потопени во алкохол или оцет за да ги избркате.

4. Томас Џеферсон ја популаризирал ванилата во САД. Покрај помфритот и култната комбинација од макарони и сирење, Томас Џеферсон ја популаризирал ванилата во САД по неговиот престој во Франција како амбасадор.

 

5. А порано во Европа ја донел Ернан Кортес. На средбата со Монтесума II на Кортес му бил понуден пијалок xocolatl кој денес ни е познат како топло чоколадо. Двете главни состојки ги пренел назад во Шпанија.

6. Ванилата е нативна за Јужна Америка, а денес се одгледува и на Мадагаскар, Тахити и Мексико, со тоа што Мадагаскар е најмасовен произведувач. Секој регион си има своја специфична нота во аромата…

7. Една лажичка екстракт од ванила има 37 калории Најголемиот дел доаѓа од алкохолот и шеќерите кои ги содржи екстрактот.

8. На шпански ванила значи “мала мешунка”.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија