Ужини за моќен работен ден

Затоа што задремувањето на тастатура или зевањето на состанок може да го разбесни шефот, а кофата кафе често не си ја завршува работата, сменете тактика и каснете нешто моќно и здраво.

Не викаме дека ако сте заглавиле до 5 сабајле на пијанка некој од продуктиве ќе ве направи попродуктивен, но понекогаш и во сосема нормален работен ден се случува да снема струја. Затоа грицнете здрава ужина за да се вратите во колосек.

Ореви и бадеми
Само 12 до 14 бадеми или ореви може сериозно да ви ги подобрат расположението и мозочната активност. Стабилизирајте го шеќерниот ролеркостер со јадење на една рака од овие јатки од сабајле бидејќи тие имаат моќ да ги контролираат нивоата на шеќери во крвта.

Тврдо варено јајце
Со само 80 калории и добра доза на протеини едно јајце може да ве држи сити и со енергија неколку часа. Протеините подолго се обработува од јагленохидратите, па затоа даваат чувство на ситост и енергија подолго време.

Боровинки
Обидете се попладневното кафе да го замените со рака боровинки или џус од боровинки бидејќи се покажало дека испитаниците кои консумирале било кој од овие два производи секој втор ден биле подобри во памтењето и мемориските тестови.

Црно чоколадо
Ако веќе одите на шеќери одберете паметно. Ако сте во стресна ситуација, посегнете по црно чоколадо како далеку подобра варијатна од сите останати шеќерни продукти. Тоа ќе го поттикне лачењето на ендорфини и ќе го подигне нивото на расположение.

Портокал
Само по себе звучи освежувачки. Огромна бројка на диетални влакна и комплексни јагленохидрати кои овозможуваат брза но и долготрајна енергија.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија