Уметноста зад јадењето јаглехидрати

Речиси секоја диета ги елиминира овие всушност многу важни мактронутрициенси. Во суштина постојат неколку правила кои доколку ги почитувате може да уживате во јаглехиратите без да ризикувате поголемо конфекциско бројче…

Јаглехидратите се тагнати како вечниот виновник зад епидемијата на обезност и вишокот килограми. Сите трендовски начини на исхрана како кето и палео диетите во основа ги елиминираат шеќерите, меѓутоа сите знаеме колку е тешко да се помине покрај пекара и да не се пазари свежо испечено пециво. Освен тоа, малку е нелогично целосно да ја осиромашите исхраната од главното гориво на мозокот и главниот енергетски извор на телото.

Всушност ако паметно ги консумирате јаглехидратите, багетот и ѓеврекот можете комотно да ги тргнете од листата на непријатели. Следуваат неколку правила за консумирање на овие макронутрициенси.

КОЛКУ ПОСЛОЖЕНИ ТОЛКУ ПОДОБРИ

Станува збор за огромна група на најразлични шеќери од крофни па до киноа и токму заради тоа не сите јаглехидрати се еднакви и заслужуваат еднаков третман. Најдобри за вас се оние кои содржат најмногу диетални влакна како веќе спомнатата киноа, кафеав ориз, овесна каша, сладок компир. 

Втора група би била „белата” храна како тестенини, ориз, компир која не е воопшто забранета доколку се консумира умерено, но исто така во комбинација со диетални влакна, па на пример чинијата со тестенини ќе биде далеку побезбедна за линијата доколку ја искомбинирате со зеленчук. И во трета група се целосно забранетите прости, рафинирани шеќери, слатки, колачи, бисквити…

ЈАГЛЕХИДРАТИ ВО ВИСТИНСКО ВРЕМЕ

Не е само која јаглехидратна група ја консумирате туку и во кое време. Најдобар тајминг за јаглехидрати е утрото, откако ќе се разбудите кога на телото му е потребна енергија за претстојниот ден. Исто така доколку вежбате, би требало да ги надокнадите испразнетите гликогенски депоа по тренингот во комбинација со квалитетен протеин.

Во вечерните часови веќе треба да го намалите внесот на јаглехидрати освен ако не вежбате подоцна во текот на денот, кога е пожелно да додадете јаглехидрати во вечерата заради претходно спомнатата причина.

ОГРАНИЧЕНА ПОРЦИЈА

Количината е пресудна кога станува збор за јаглехидрати, а лесно е да се прејадете од нешто вкусно. Инаку експертите тврдат дека до 200 грама јаглехидрати дневно се безбедни за вашата линија. Но овие количини лесно може да се прејдат со една овошка плус или некој полонозрнест бисквит, затоа внимавајте на количината.

КОМБИНАЦИЈА СО ПРОТЕИНИ

Протеините и јаглехидратите се многу добри пријатели. Ако ги консумирате во комбинација значително може да се намали гликемискиот индекс на јаглехидратите и да обезбедите далеку подобра дигестија и стабилно ниво на шеќер во крвта. На пример јаболката јадете ги во комбинација со путер од кикирики или крекерите со хумус за да ја оптимизирате дигестијата.

ВКУПНО КАЛОРИИ

Сепак на крај оставува една проста равенка на дневен внес на калории минус дневната потрошувачка, а резултатот може да биде позитивна или негативна бројка на калории. Ако знаете дека вечер со пријателите ќе излезете на пиво или две, задовоство кое ве чини 300 калории од јаглехидрати, прерипнете ги јаглехидратите од ручекот или преполовете ги истите од појадокот. Така ќе се одржите во рамките на дневните препораки.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија