Твојот мозок на риба

Еднаш неделно, варена или печена, никако пржена и онаа сива маса од мозокот почнува да се билда (иако уште не знаат зошто). Поголемиот волумен на оваа маса е директно поврзан со намалувањето на шансите за Алцхајмер. 

 

Д-р Криус Раџи, радиолог на УЦЛА заедно со неговиот тим досега имаат опширно работено на взаемната поврзаност на физичката активност и дебелината врз структурата на мозочната маса, а во нивната последна поопширна студија тие фрлаат поглед кон ефектите на редовното внесување на рибино месо врз овој орган.

Досега, честопати се поврзуваа разните видови на риба со здравјето на нашиот централен нервен систем со најголем акцент на богатството од омега 3 масни киселини во одредени видови, но токму оваа студија го докажува спротивното т.е. ги замрсува работите кога во прашање е оваа корелација.

Имено, резултатите говорат дека без разлика на нивоата на омега 3 масните киселини т.е. без разлика на видот на рибата испитаниците кои еднаш неделно консумирале  риба, варена или печена, не пржена (еве и зошто), имале зголемување во волуменот на сивата мозочна маса. Овој дел од мозокот, заедно со хипокампусот каде се забележани зголемувања дури и до 14 посто за разлика од луѓето кои не консумирале риба толку често се поврзани со зајакнато мозочно здравје и превенција од Алцхајмер.

Овие резултати внесуваат мала забуна во претходните сознанија и укажуваат на некоја друга причина која доведува до подобрено мозочно здравје кај испитанците, се верува од страна на истражувачите.

Различни претходни студии укажуваат на многу различни резултати и поврзаности, а голем дел од научната фела е збунета кога во прашање се овие проблематики. Некои веруваат дека голем број на фактори од животниот стил играат улога во сето ова, а некои се уште веруваат дека има некоја специфична супстанца, се уште непозната која доведува до сето ова.

Додека научниците да одлучат ние препорачуваме – уживајте во здравата храна и умереноста!

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија