Наслов

Тур де Франс - предизвикот наречен „6000 калории”

Џошуа Робинсон е еден од новинарите на магазинот Вол Стрит кој во 2017 има направено одлично видео за тоа што значи да се изеде храната која елитните велосипедисти на Тур де Франс ја мелат секојдневно во текот на една од најтешките трки на светот.

Во видеото, инструкциите и менито ги одредува главниот кувар на тимот Орика-Скот, Ники Стробел, а Џошуа пробува да „извози” до крај со сите оброци во денот. Иако тој не вози велосипед, туку седи зад автомобилскиот волан, идејата е да види дали може неговиот желудник да се справи со толку калории на дневно ниво. 

За разлика од него, професионалните возачи го прават ова секој ден, во текот на целиот Тур, и се разбира возат по „некој” круг...

Читајте повеќе за исхраната на овие спортисти - тука

26 Јули 2019

За авторот