Наслов

Тиквеник со факти

Неколку факти за овој екстремно хранлив есенски дар...

БЕТА КАРОТЕНИТЕ се застапени во сите видови на тиква и помагаат во ослободување од слободните радикали и јакнење на имуниот систем. Што постара тиква, толку повеќе бета каротени.

Речиси сите делови од тиквата се за ЈАДЕЊЕ. Може да се консумираат цветовите, рачките, кората, листовите и секако срцевината и семките.

Додека во кујната добива третман на зеленчук, ботаничарите тиквата ја сврстуваат во ОВОШЈЕ, бидејќи плодот го содржи семето за размножување (карактеристика на овошјето).

ДЕНОТ НА ВЕШТЕРКИТЕ е силно асоциран со издлабени тикви во вид на страшни лица. Оваа традиција има ирско потекло. Ноќта, на последниот ден од октомври, се верува дека мртвите ги напуштаат своите гробови, па за да се одбранат, луѓето се маскираат и во дворовите поставуваат вакви страшни тикви.

Друга ЛЕГЕНДА е поврзана со извесен ковач Џек О'Лантерн, кој наводно бил пијаница и двапати го прелажал ѓаволот да не заврши во пеколот, но не отишол ниту во рајот. Како одмазда ѓаволот му дал светлечко парче јаглен кое Џек го сокрил во тиква и ја проколнал неговата душа вечно да талка. Оттогаш, душата на Џек скита низ светот.

Најлуксузниот ДЕСЕРТ, кој се служи во ресторанот Алинеа, еден од најлуксузните во Северна Америка, е чоколадна пита со тиква. Можеби не звучи луксузно, но дефинитвно изгледа така. Погледнете...

Тиквата има цврста и водоотпорна КОРА. Оваа карактеристика овозможува издлабената тиква да се користи како сад за течности, вода, супи, манџи. Следната чорба послужете ја во сад од тиква како есенска декорација на трпезата.

СЕМКИТЕ од тиква се вистинско скриено богатство. Изобилуваат со цинк и магнезиум, а исто така се извор на комплетни протеини т.е. ги содржат сите аминокиселини во соодветен состав.

Џорџ ВАШИНГТОН, првиот претседател на САД, одгледувал тикви, но и експериментирал со нив во неговите домашни рецепти за пиво.

Ладно цедено МАСЛО од тиква, помага при заболувања на простатата кај мажите и воспаленија и инфекции на уринарните патишта.

НАЈГОЛЕМАТА тиква на светот која била измерена тежела околу 517 килограми.

Тиквата расте на шест од седумте КОНТИНЕНТИ, вклучувајќи ја и Алјаска. Единствено не расте на Антарктикот.

16 Октомври 2014

За авторот