Наслов

СЗО за кафето, со едно мало предупредување

Интернационалната агенција за истражување рак пред некое време го прогласи кафето за веројатен канцероген, сега се премислија поради недостаток на докази, но сепак постои едно предупредување...

Не постојат убедливи докази во низата истражувања дека нашиот омилен утрински пијалок би можел да предизвика малигно заболување. Иако кафето само по себе е безбедно, начинок на кој го консумирате, поточно температурата може да влијае врз здравјето.

Всушност, истражувачите дошле до заклучок дека секој пијалок кој се консумира на повеќе од 65 степени целзиусови веројатно може да доведе до појава на рак на хранопроводот. Се претпоставува дека преголемата топлина на пијалоците има можност да предизвика негативни стимулации на клетките од хранопроводот и да допринесе до воспалителна реакција и брза пролиферација (множење) на истите со што се зголемуваат шансите за мутирање на ДНК-та во некои од нив. 

Сепак, повеќе истражувања се потребни на истата тематика, а и онака никому не му е згодно кога ќе се изгори со некој топол напиток, па затоа гледајте да ја избегнувате ситуацијата.  Иако во зима можеби добро ни доаѓа топло кафе, чај, салеп, сепак попаметно е неколку пати да дувнете во чашата отколку да се изгорите, а во овој летен период ладното кафе со мраз може да ви биде дополнително освежување.

Спротивно на оваа статија, прочитајте зошто кафето треба да биде дел од вашето секојдневие... 

22 Јуни 2016

За авторот