Наслов

Светот се гуши во премногу месо

Ако сте помислиле дека светот станува свесен за претераната употреба на месо тогаш се лажете. Човештвото руши рекорди во производството и употребата на месо како никогаш порано.

Индустријата за производство и преработка на месо е една од најмоќните на светско ниво. Но, исто така таа е една од најголемите загадувачи и потрошувачи на ресури на целата планета. Трендот со кој сè поголем луѓе се одлучуваат да ја намалат употребата на месо или пак комплетно да го исфрлат од исхрана се чини ни малку не ја погодува индустријата.

Споредбено со 1960 година кога на ниво на целата планета се произведувале околу 60 милиони тони месо, во 2018 година таа бројка е поголема за пет пати и изнесува 330 милиони тони на годишно ниво. Ваквите бројки се должат зголемената популација на светско ниво, зголемените приходи, но и би се рекло градењето на култ кон месото.

Оттаму, најголемата конзумација на месо во светски рамки доаѓа од најразвиените земји и тоа САД и Австралија кои на годишно ниво трошат меѓу 100 и 150 килограми месо. Таквата бројка е речиси двојни поголема од просечната потршувачка на месо во Европа и десетина пати повеќе од најразвиените афркинаски земји како Етиопија, Руанда или Нигерија кај кои месото е присутно со помалку од 10 килограми во текот на годината.

Ваквите бројки и контрастот или екстремноста кај најголемите и најмалите јадачи на месо не се ништо ново односно бројките кај нив се слични како и пред пет декади. Но, затоа, земјите од "средната класа" се оние кои ја прават суштинската разлика. На пример, просечен Кинез во периодот меѓу 1960-1970 година на годишно ниво внесувал 5 килограми месо, додека пак таа бројка денес е нешто над 60 килограми. Сличен е и случајот со Бразил, Аргентина и западноевропските земји.

Ваквиот тренд на долг рок е апсолутно неодржлив и е погубен за еко системот на целата Земја и човековото здравје без никаква дилема. Длабоката конекција помеѓу прекумерната употреба на месо и месни произвдои и зголемениот ризик за дебелина, срцеви заболувања, срцеви удари, појава на одредени типови на рак и редица други хронични болести е и тоа како позната. Модерниот човек има обврска да најде начин да го заузда суровиот капитализам и конзумеризам кои во спротивно ќе бидат со катастрофални последици за сите нас.

05 Февруари 2019

За авторот