Наслов

Лутиот црвен пипер можеби е клучот против борбата со ракот

Една активна состојка која се наоѓа во лутиот црвен пипер може да биде клуч во борбата против ракот на дојка. Научниците од Универзитетот Рухр во Германија открија дека капсаицинот предизвикува самоуништување на зафатените малигни клетки.

Ова состојка може да биде ефикасна и против ракот на дебелото црево, коските и панкреасот.

Но, пред да ја консумирате оваа храна, треба да знаете дека капсаицинот не е толку ефикасен кога се зема директно ако јадете црвена пиперка. Научниците открија дека капсаицинот е поефективен кога се зема изолиран во форма на таблети или заедно со некој друг лек против ракот.

Во текот на студијата научниците користеа примероци на клетки од рак на дојка и го додадоа капсаицинот како состојка за да дознаат повеќе за неговата способност, односно дали може да ги уништи клетките од рак.

Во една статија објавена во списанието - Рак на дојка, д-р. Леа Вебер, пишува: капсаицинот е способен да индуцира апоптоза (клеточна смрт) и да го спречи растот на канцерогените клетки и тоа кај неколку видови на рак, а додека тие се уништуваат нормалните клетки остануваат непроменети.

Тимот смета дека кога капсаицинот оди во клетките на ракот, тој се закачува на клеточната мембрана и се претвора во клеточен рецептор наречен TRPV1.

TRPV1 е рецептор што контролира кои супстанции – како што се калциум и натриум - влегуваат и излегуваат од клетките на ракот. Во моментот кога TRPV1 се заменува со капсаицинот, клетките на ракот почнуваат да се самоуништуваат.

Што повеќе клетки на ракот се уништуваат, толку повеќе се спречува негово метастазирање.

Во борбата против ракот, оваа студија можеби е најважната досега.

19 Јануари 2017

За авторот