Ок ли е смрзнатиот зеленчук?

Подобро ли е во некои случаеви да одберете замрзнат зеленчук во замена за нешто “свежо”, а сепак прекуокеанско? Одма ќе ви кажеме, да!

Сигурно секој ваш инстинкт извикува во полза на свежата. Сепак свежо си е свежо, нели?! И може да сте во право, но тоа е високо зависно од условите во кои таа храна се нашла на вашата трпеза.

Храната која ја јадете свежа, на пример бананите, биле набрани незрели, пред да го достигнат највисокот ниво на нутрициенси. Со самото скинување на овошјето и концентрацијата нутрициенсите кои дотогаш биле продуцирани почнува да опаѓа. Тоа е еден процес кој трае се додека вие не се одлучите да ја купите и да ја изедете токму таа банана, која во тој момент веќе има изгубено 50% од нутритивната вредност.

Смрзнатата храна, пак, е набрана кога е зрела и веднаш смрзната. Ниската температура делува деструктивно врз некои витамини, но од друга страна сите нутрициенси остануваат заклучени внатре. Ако бирате храна која не е во сезона, дефинитивно победата ја има смрзнатата храна.