Наслов

Сконцентрирано слабеење или расеано дебелеење

Ако имате проблеми со слабеењето веќе подолго време, можеби проблемот лежи во филмовите кои ги гледате или муабетите кои ги разврзувате со комшијата на маса додека се наоѓате во фаза на хранење.

И не е само одвлеченото внимание кое може да ви ги попречи плановите за на вага, туку и можноста да се потсетите што сте јаделе во преходните оброци. Доколку не сте во состојба да се потсетите што сте јаделе претходно, имате поголема шанса да кркате повеќе калории.

Затоа, она „ејј па јас не знам вчера (сабајле) што сум јадел“ заборавете го ако сакате да симнете некое кило. Еве зошто!

Студијата, водена од тим од еден Институт за психологија во Ливерпул беше направена за да одреди дали когнитивните процеси, како меморијата, вниманието и свесноста можат да делуваат на количината на храна што ја консумираме.

Истражувачите дошле до заклучок дека оние кои биле во можност да се сетат на храната која ја појадувале (или јаделе пред тој оброк), во остатокот од денот јаделе помалку, а со тоа внесувале помалку калории. И плус, луѓето кои на било каков начин им било одземено вниманието (пр. ТВ, музика или читање) за време на оброкот јаделе повеќе и имале поголем внес на калории.

Заклучок од студијата гласи некако вака: „Било каква дистракција за време на процесот на хранење не ни дозволува да се сконцентрираме на јадењето и да се потсетиме на тоа што се сме изеле пред тој оброк, а со тоа се зголемува шансата за прејадување за време на тој и наредните оброци.“

„Исто така, обрнувањето на внимание на јадењето што го јадеме (на мирисите, вкусовите и изгледот на храната) има потенцијал да ни помогне во слабеењето со тоа што делува врз намалување на калорискиот внес."

15 Јуни 2013

За авторот