Салце – митови и факти

Да ги расчистиме заблудите околу најомразениот продукт на нашиот метаболизам – салцето.

МИТ: Строгите диети се најдобра стратегија за намалување на обемот.

ФАКТ: Додека изгладнувањето може да биде ефикасен, но краткотраен начин за губење на килограми, сепак повеќе успех се постигнува ако се придржувате кон одреден режим подолго време. Неспорно е дека за да се намалу обемот, мора да се направи и калориска рестрикција, но истражувањата покажуваат дека без разлика дали сте на диета која дозволува дневни 1500 калории, или диета со помалку од 800 калории, ќе се постигне речиси истиот ефект.

МИТ: За најбрзо топење на мастите, најефикасни се високо интензивните интервални тренинзи.

ФАКТ: Овој тип на тренинг топи салце, па дури и само ако го применувате 20 минути дневно, И тоа е одлично за презафатените луѓе кои го немаат лукузот „време“. Но сепак истражувањата покажуваат дека подолготрајните тренинзи кои траат барем 36 минути имаат поголем ефект отколку 20 минутните тренинзи. Објаснувањето е дека по 30 минути телото почнува да согорува масти наместо гликоген.

МИТ: Избегнувањето на високомаслени производи помага во ослободување од вишокот масти во телото.

ФАКТ: Високомаслените производи немаат огромен удел во зголементата телесна тежина, доколку истите се дел од здрава и балансирана исхрана. Дури, некои истражувања покажуваат дека исфрлањето на маснотиите од исхраната може да биде фактор кој придонесува за зголемување на абдоминалното салце. Исто така нискомаслените производи кои се дел од ваквите диети често содржат вишок јаглехидрати, кои на крај се складираат како масти.

МИТ: Доколку применувате кардио тренинг, нема никаква потреба од тренинг со отпор.

ФАКТ: И двата типа на тренинг се подеднакво важни кога станува збор за ослободување од вишокот маснотии. Кардио тренингот согорува далеку повеќе калории, но потоа дигањето тежина е моментот кој помага во изградбата на мускулно ткиво и правилно распоредување на градбените единки.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија