Решение за најпотентните алергени – кикириките

Сникерс кој не предизвикува алергија е на чекор од реалност…

Алергиите на храна се многу чести, а една од најпотентните алергиски ракции се јавува како резултат на алергените во кикириките.

Алергијата на кикирики афектира околу 1.3% од популацијата, а една третина од нив пројавуваат животно загрозувачки реакции при контакт со алергенот.

Како што пренесува Ројтерс, научниците се на добар пат во секојдневна употреба да воведат процес со кој протеинот, одговорен за алергиски реакции, би се деактивирал од 98-100%.

Станува збор за постапка каде кикириките, без разлика дали се со лушпа или не, се третираат со ензими безбедни за исхрана, без притоа да се наруши липидниот профил или било која карактеристика на самиот плод. Овој процес не вклучува генетска модификација (ГМО) на кикириките.

Ефикасноста на постапката е потврдена преку кожни тестови на лица со алергија на кикирики. Оваа постапка е супериорна во однос на досегашните методи за десензибилизација на организмот кои подразбираат консумирање на мали дози од алергенот, според истражувачите.